Национален Конзорциум за Енергетска Ефикасност и Одржлив Развој

Основачки состанок на Националниот конзорциум за енергетска ефикасност и одржлив развој, на иницијатива на EUREM MK и Собранието на Стопанската комора на мал бизнис на Македонија, е одржан на 9 април 2016 година во Скопје. Националниот конзорциум е групација во Комората на Мал Бизнис која се основа за поддршка на претстојните локални, регионални и проекти од интерес на членките.

Националниот конзорциум за енергетска ефикасност и одржлив развој повикува за поддршка на иницијативата и учество од заинтересирани приватни компании, финансиски организации, јавни институции, останати организации и засегнати страни инволвирани во подготовка и реализација на проекти за одржлив развој, енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија и/или подготовка и реализација на институционална рамка за политиките на одржлив развој, екологија и енергетска ефикасност.

Соработката со Националниот конзорциум заинтересираните можат да ја остварат како членови (партнери и изведувачи) или како соработници (подизведувачи):

1. Членови на Националниот Конзорциум се правни субјекти кои се Standard или Premium членови на Стопанската Комора на Мал Бизнис. Членовите можат активно да учествуваат во работата на Националниот Конзорцум - да иницираат проекти, да креираат партнерства и да бидат изведувачи на проектите. Членовите на Националниот конзорциум е потребно да поседуваат меѓународна сертификација и искуство за изработка и управување со проекти за енергетска ефикасност и одржлив развој:

- членство во Здружението EUREM MK (сертифицирана обука за енергетски менаџер по програма www.eurem.net ) или

- сертифицирана обука за енергетски менаџер, енергетски проект-менаџер, изработка на проекти за одржлив развој по релевантна
меѓународна програма

2. Соработниците на Националниот Конзорциум се дел од базата на заинтересирани соработници. Соработниците се физички лица или правни субјекти кои е потребно да поседуваат меѓународна или национална сертификација и искуство за изработка и управување со проекти за енергетска ефикасност и одржлив развој. Активностите за тековните проекти на Националниот Конзорциум соработниците можат поблиску да ги следат како Basic членови (физички лица) и Standard или Premium членови (правни субјекти) на Комората на Мал Бизнис. Подобните соработници ќе бидат повикани како подизведувачи на проектите на Националниот Конзорциум.

Пријава за соработник на Национален Конзорциум за енергетска ефикасност и одржлив развој на линк >>> http://www.sbch.org.mk/file/134/download?token=07eKFRbo