Центар за Финансирање и Менторска Поддршка

Центарот за Финансирање и Менторска Поддршка претставува групација во рамките на Комората на Мал Бизнис на членки со приоритетна дејност: фондација, финансирање, финансиски и сметководствен консалтинг и деловен консталтинг, а со основна цел на групацијата - Менторство и поддршка на менаџментот на малите и средни претпријатија во одредување, аплицирање и имплементирање финансиски инструменти за поддршка на реализација на профитабилни проекти.

Соработката со Центарот за Финансирање и Менторска Поддршка заинтересираните можат да ја остварат како членови (партнери и изведувачи) или како соработници (подизведувачи):

1. Членови на Центарот за Финансирање и Менторска Поддршка се правни субјекти кои се Basic или Premium членови на Стопанската Комора на Мал Бизнис. Членовите можат активно да учествуваат во работата на Центарот - да иницираат проекти, да креираат партнерства и да бидат изведувачи на проектите. Примањето нови членови во Центарот е со мнозинство на постоечките членови.

2. Соработниците на Центарот за Финансирање и Менторска Поддршка се дел од базата на заинтересирани соработници. Соработниците се физички лица - експерти или правни субјекти со приоритетна дејност фондација, финансирање, финансиски и сметководствен консалтинг и деловен консталтинг. Активностите за тековните проекти на Центарот соработниците можат поблиску да ги следат како Passive или Basic членови на Комората на Мал Бизнис. Подобните соработници ќе бидат повикани како подизведувачи на проектите на Центарот.