USP - Позиционирање и Бизнис Промоција

USP - ПОЗИЦИОНИРАЊЕ НА НОВИ ПАЗАРИ

Комората на Мал Бизнис има воспоставени деловни мрежи во повеќе земји и нуди услуги за поддршка за настап и влез на новите пазари, обработка на пазарот и воспоставување деловни контакти согласно USP (unique selling proposition) концептот.

Најдобро позиционирање и промовирање на новите пазари е преку локален деловен партнер кој долгорочно ќе ги позиционира вашите производи и услуги во земјата. Нудиме менторска поддршка за подготовка на USP понуда за целниот пазар, воспоставување соработка со соодветен партнер, односно по дефинирање на профилите на целните компании кои би биле идеален партнер, Комората ги воспоставува првите контакти со потенцијалните партнери и организира состаноци и патување во земјата од интерес. Представник на Комората, во својство на менторска поддршка, може да учествува на разговорите и состаноците со потенцијалните локални партнери.

Комората на Мал Бизнис на Македонија има воспоставено соработка со Стопански и Индустриски Комори и државни институции во земјите од интерес кои овозможуваат пристап до информации за локалната правна регулатива и даночна политика. Исто така Комората на Мал Бизнис може да понуди поддршка за ангажирање на локални сметководствено - финансиски и консултантски организации при воспоставување на претставништва, инестиции или регистрирање на претпријатие во земјите од регионот или ЕУ.

БИЗНИС ПРОМОЦИЈА и PR

Комората на Мал Бизнис ги планира и практикува Односите со јавноста како непрекината активност да се воспостават и одржат добри односи и меѓусебно рабирање помеѓу организацијата и нејзината публика: купувачи, вработени, акционери, трговци , добавувачи, влади и општеството во целина. Комората во својот комуникациски план за Односи со Јавноста има за цел да влијае на компаниите, јавното мислење и јавните политики со:

- Практикување на Моделот на односи со јавноста во компаниите

- Информирање на јавноста - формирање на јавно мислење

- Влијание на јавното мислење врз креирање на деловните политики

- Лобирање на деловната јавност во креирање на јавни политики

Со цел поддршка на членките на Комората во нивните промотивни активности Комората нуди менторски и консултантски услуги за:

- Методите на примена на односите со јавноста во рамките на промотивните активности на претпријатијата и организациите

- Примена на односите со јавноста за остварување на комерцијални цели и

- Користење на односите со јавноста како алатка за позитивна презентација на претпријатието и организацијата во јавноста, изградба на имиџ и бренд

ВОСПОСТАВУВАЊЕТО НА НАВЕДЕНИТЕ PR и ПРОМОТИВНИ АКТИВНОСТИ СЕ ОДВИВА ВО СЛЕДНИТЕ ЧЕКОРИ:

1. Поставување на целосна PR стратегија - како интерен или излезен документ на компанијата

2. Таргетирање на целната јавност за конкретно подрачје на делување на компанијата

3. Практично лобирање на целната јавност со употреба на:
- социјални медиуми (профили, групи, страни)
- форуми за комуникација
- водење на блогови
- огласување по пат на интернет
- статии во весници (печатени и интернет)
- гостување во емисии
- претставување на компанијата на јавни манифестации, саеми, настани . . .
- водење на сопствен You Tube канал

4. Креирање портфолио за општествена одговорност на компанијата

5. Водење промотивни проекти/настани/активности на компанијата

РЕКЛАМИРАЊЕ - АДВЕРТАЈЗИНГ

Адвертајзинг - рекламната порака ги убедува и влијае на свеста на потрошувачите да се одлучат за вашиот производ или услуга. Адвертајзинг алатки за остварување на промотивните цели на компаниите и организациите :

GRAPHIC DESIGN & PROFILE

PRINTING & PUBLICATIONS

PHOTOS & ILLUSTRATIONS

WEB PRODUCTION AND MARKETING ON THE INTERNET

FILM PRODUCTION

FAIRS & EVENTS

STRATEGIC COMMUNICATION AND PROJECT MANAGEMENT