Green Deal за компаниите и заедницата

Energy Management Systems (EnMS)

23 Јануари 2021
PROMO VIDEO
https://youtu.be/UfXs0BwwSc4

European Green Deal воспостави критериуми за поддршка на проекти за постигнување на нула зелени емисии до 2050 година, а преку IPA III и други фондови во Македонија за ко-финансирање на проекти за воведување на Енергетски Менаџмент Системи (EnMS) во големите компании и поддршка на малите и средни претпријатија за Eco сертифицирање со воведување практики и технологии за управување со енергијата и производство на енергија за сопствени потреби.

На претстојниот семинар „Green Deal за компаниите и заедницата„ , кој ќе се организира на 23 Јануари 2021 г. од 10.00 часот ќе се презентира најзначајниот критериум за Green Deal проекти - воведување на Енергетски Менаџмент Систем (EnMS) - систем за управување со енергијата.

Согласно актуелниот Законот за Енергетска Ефикасност компаниите и јавниот сектор се должни да реализираат енергетскит аудит на секои 4 години и глоби доколку контролата не се реализира од овластено лице.
Компаниите кои имаат воведен сертифициран Енергетски Менаџмент Систем (EnMS) енергетската контрола на секои четири години пропишана со Законот може да ја вршат со обучено лице-енергетски менаџер, вработено во компанијата. Енергетските Менаџери - овластени енергетски контролори на големите претпријатија можат да вршат енергетски контроли и како надворешно ангажирани експерти.

ЕУРЕМ 2021 - обука за Енергетски Менаџери
http://www.cosmoinnovate.com.mk/obuki/magjunarodniobuki/energetskaefikas...

ЕУРЕМ МК промотивно видео https://youtu.be/yDwAI97oqxs

ПОВИК за ЕУРЕМ 2021
http://sbch.org.mk/povici/%D0%B5%D1%83%D1%80%D0%B5%D0%BC-%D0%BE%D0%B1%D1...

-----------------------------------------------------------

Организациите мораат енергијата да ја купуваат на слободен пазар. Тие не можат да ја контролираат цената на енергенсите, владината политика или глобалната економија.

Но, тие можат да ги подобрат начините за управување со енергијата. Тоа може да биде изведено со намалување на трошокот за енергија и потрошувачката, и со производство на енергија за сопствени потреби од обновливи извори на енергија.

Енергетските Менаџери вршат супервизија за законски дефинираните национални таргети на заштеда на енергија и функционалност на енергетскиот менаџмент систем со енергетскиот аудит на секои 4 години и предлагаат соодветни мерки и одржливи технички проекти.

Со воведување на Енергетски Менаџмент Систем (EnMS) - систем за управување со енергијата - преку почитување на процесите и упатствата се остварува целта да се намалат енергетските и економските загуби и други несакани ефекти во тековното работење. Конкретната примена зависи од обемот-големината на организацијата, дејноста, надлежностите за енергетски менаџмент. Оттука произлегува и обемноста на документацијата и потребните ресурси за имплементација на системот за енергетски менаџмент.

-------------------------------------------------

Настанот е отворен за сите заинтересирани учесници од деловниот и јавниот сектор. Настанот ќе се реализира on-line преку Skype платформата. Котизацијата за учество е со 20% попуст за Standard и Premium членови на Комората на Мал Бизнис Ве молиме да го пријавите Вашето присуство со пополнување на пријавата дадена на линкот „СНИМИ ПРИЛОГ„ или http://sbch.org.mk/sites/default/files/Prijava%20-Seminar%20za%20Energetski%20Menagment%20Sistemi%20%28EnMS%29.doc , која ќе ја доставите на e-mail info@sbch.org.mk контакт-телефон: (02) 2448-077 и 070/223 686

КОТИЗАЦИЈА: 6.150,00ден.

  1. Сабота, Јануари 23, 2021

    Теми кои ќе се обработат на семинарот:

    1. Енергетско планирање

    - енергетски преглед (аудит)
    - анализа на податоци
    - утврдување на реална состојба
    - можности за надградба
    - мерење и верификација на резултатите

    2. Енергетски Аудит на резиденцијални и административни згради согласно ЕУ директива 2012/27/EU

    3. Дискусија по Нацрт Законот за Енергетска Ефикасност по однос на задолжителите енергетски контроли и обврските за примена на технологија за енергетска ефикаснот во проекти за Одржливи енергетски згради:
    · соларни панели за производство на електрична енергија за сопствени потреби на објектот кои во текот на денот и соларно зрачење овозможуваат овој „одржлив енергетски објект„ да биде и потполно енергетски независен.
    · системи за соларно засенчување
    · соларен систем составен од соларни колектори и бафер
    · контролиран механички систем за вентилација
    · геотермална/воздух-воздух топлотна пумпа