Раководење со тим

ПОКРОВИТЕЛИ НА НАСТАН

ОРГАНИЗАТОРИ НА НАСТАН

Менаџмент Клуб

Цели на семинарот

Целта на семинарот е учесниците - раководители на тимови - да ги совладаат техниките за формирање на тимот, раководење со тимот, градење и развивање на тимот во рамките на своето претпријатие или организација. Учесниците ќе можат научените техники да ги пренесат на членовите на своите тимови и да ги користат за успешен развој на постојните и нови тимови и позитивен развој на претпријатието и организацијата.

Инструктор на семинарот

М-р Анета Мајсторова-Ивановска (Дипломиран психолог и Магистер по менаџмент на човечки ресурси) има долгогодишно искуство на обучувач од сферата на директната продажба како тренинг-асистент и тренинг-менаџер во двете светски познати компании Oriflame Cosmetics и Zepter International. Во КОСМО Иновативен Центар има подготвено и реализирано предавања, обуки, работилници, директорски семинари во Македонија и во странство на теми Лидерство, Раководење со тим, Конфликт менаџмент, Ефикасност и ефективност во работењето.

ПРОГРАМА

Организирање и водење состаноци
Создавање и менаџирање на тим и тимска работа
Делегирање улоги, управување со времето и зголемување на продуктивноста

Програмата ќе се реализира со ТРИ предавања по 120 мин, три вторници во ист термин.

Обуката ќе се одржи во три предавања на 30 Мај,6 и 13 Јуни 2017 година (вторник) од 18.30 - 20.30 часот, во Скопје.

------------------------------------------------------------------------------------------------

Настанот е отворен за сите заинтересирани учесници и поддржува вмрежување и остварување меѓусебни деловни контакти. Пријавување учество на семинарот на линкот „ПРИЈАВИ СЕ„ или пријавата дадена на „СНИМИ ПРИЛОГ„ ќе ja доставите на е-маил: info@sbch.org.mk контакт-телефон: (02) 2448-077 и 075 438 576. Котизацијата за учество е со 20% попуст за Standard и Premium членови на Комората на Мал Бизнис.

КОТИЗАЦИЈА: 3.900,00ден.

  1. Вторник, Мај 30, 2017

    При формирање на тимот, раководителот треба да изврши:

    - планирање и дефинирање на целите на тимот (кој тип проекти ќе работи, задачи, активности и трошоци на тимот);

    - организација на тимот и делегирање улоги во тимот (кој има авторитет, кој има одговорност, кој избира членови на тимот);

    - избор на членови на тимот (селекција на членови, обука за тимска работа, стручна обука, супервизија и контрола на тимот).

    Откако ќе се формира тимот, во понатамошното градење и развивање на тимот многу важно е лидерството како вештина на инспирирање и мотивирање на луѓето да ја реализираат ефикасно нивната работа. Ефективните лидери градат тим, му наметнуваат визија и мотивација. На членовите на тимот им помагаат во градење на нивните вештини и самодоверба.