Целта на семинарот е учесниците да ги совладаат методите на вмрежување и примена на односите со јавноста во рамките на промотивните активности на претпријатијата и организациите, учесниците да научат да ги применат комуникациските вештини за остварување на комерцијалните цели и да се користат како алатка за активна продажба.
На семинарот ќе се претстават техники и стратегии за воспоставување активен продажен однос со потрошувачот/клиентот, влијание во процесот на донесувањето одлука за купување,водење тешки деловни разговори, но и успешна комуникација и вмрежување во конкурентно деловно опкружување.
Семинарот „Активна Продажба„се реализира во два дела/модули:
1. Методи и канали на вмрежување и продажба – инструктор: Катерина Вељановска Блажевска
2. Вештини на презентирање и преговарање – инструктор: Тони Анев
КОЈ МОЖЕ да пријави учество ?
Семинарот се организира како интерна обука - тим билдинг и вмрежување на човечките ресурси од продажниот и комерцијалниот сектор во организациите, со прилагодена програма на реализација. Можат да се пријават регистрирани стопански субјекти - претпријатија, институции, установи и организации во приватна и државна сопственост но и фондации, граѓански и непрофитни организации. ProExcellent е сертифицирана тренинг програма за размена на деловно искуство и воспоставена пракса на компаниите и организациите.
Маркетингот во малиот бизнис е многу посложен од изборот на дизајн на визит картичката и неколу реклами на социјалните мрежи или адресар-именици. Добро подготвен web сајт и негова промоција на пребарувачи е добра основа за информирање на потенцијалните клиенти за вашите услуги и производи. Но, активната продажба е акцијата која ќе доведе до директен контакт со клиентите и купувачите, продажен разговор, склучување договор и профит.
Ако целта е да ја проширите вашата база на клиенти и се запознаете со нови луѓе, користете активен маркетинг, како што е продажен настан, јавен настап или форум за да воспоставите кредибилитет на бизнисот.
Програмата се реализира како интензивна викенд (петок-недела) тим билдинг програма или класична програма со 2 предавања во сабота од 10.00-16.00 часот.Отворена група се реализира со 6 предавања во среда од 17.30-19.30 часот.
Котизација (менторска програма или интерна група)
Котизација за реализација на семинарот е 69.000,00 ден./групи до 10 учесници. Доплата за дополнителни учесници: 6.100,00 ден / учесник. Максимален број е 16 учесници во една група.
Котизација (отворена група)
Котизација за учество на отворена група за семинарот е 6.900,00 ден./учесник
----------------------------------------------------------------------
Пријавување учество на семинарот на линкот „ПРИЈАВИ СЕ„ или пријавата дадена на „СНИМИ ПРИЛОГ„ ќе ja доставите на е-маил: info@sbch.org.mk контакт-телефон: (02) 2448-077, 070 223 686. Котизацијата за учество е со 20% попуст за Premium членови на Комората на Мал Бизнис.