SEI Consortium ко-финансирани проекти за реконструкција во локална самоуправа

На работилницата одржана на 14 Април 2018 за претставници на општините Битола, Кочани, Аеродром, Ѓорче Петров, Прилеп, Желино, Дебар , SEI Consortium ги промовираше партнерите Trimo Group и Efix Electrical претставници на опрема за приоритетни проекти за реконструкција се објектите на локалната самоуправа, јавна администрација и индустријата во „Одржливи Енергетски Објекти„ и воведување на Smart Lighting платформи. SEI Consortium портфолио дадено е на линкот http://www.sbch.org.mk/file/380/download?token=CosTqK6T

Заклучено е предлог проектните концепти за аплицирање кофинансирање до 50% на реконструкции да се достават во Комората на Мал Бизнис во најскоро време , најкасно до крајот на април за реализација на изведба на реконструкциите во објекти (училишта и градинки) во текот на летниот период, улучно осветлување од септември. Подготвен е план за презентација на изведбените проекти во мај (линк goo.gl/UHhRaq) и јуни пред претставници на финансиски институции за комплетно финансирање на изведбата.