Burnout (согорување) е проблем со кој се соочиле многу луѓе или биле многу блиску до него во одреден момент од својот живот или кариера. Ако вашата работа или активности вe држaт целосно исцрпени физички или емоционално и ако оваа состојба трае оди со години, месеци или можеби само неколку недели, можете да ja достигнете критичната точка и да станете жртва на синдромот на согорување.
Постојат многу различни ситуации кои можaт да доведaт до согорување. Најчести причини се:
- Голем обем на работа. Може да се должи на недоволно време и недоволно познавање на вештини за управување, особено лошо планирање или вештини на делегирање.
- Напорна работа без јасни цели. Напорно и тешко работење, но без оглед на тоа колку долго се работи, да не може да се согледа никаков напредок. Работа без ефикасност и ефективност
- Немоќ да се смени нешто лично важно. Нешто за што сте емотивно поврзани, но тоа е во исто време надвор од вашата контрола.
- Принудување на себеси да се направи невозможното. На пример, решавање на проблеми, без потребните ресурси.
- Судир меѓу вашите лични вредности и вредности на компанијата во која работите. Вие не верувате или не се согласувате со она што го работите, но околностите ве принудуваат да го правите она со што не се согласувате.
Важно е да се проценат ризиците од Burnout во вашите лични (приватни) или активности на работа. Ако станете неговa жртва, нема да биде лесно работите да се вратат на вистинскиот пат. Таа состојба не може да се реши за кратко време и веројатно ќе предизвика драстични промени во вашите ставови и стил на живеење. Затоа, многу e подобро спречување на симптомите отколку да се борите отпосле да го враќате вашиот живот во поранешната состојба.
-------------------------------------------------------------------
Семинарот се реализира со х 3 предавања на 20,21и 22 Декември 2017 год. од 17.30-19.30 часот
Пријавување учество во Менаџмент Клуб КМБ семинарот се врши со пополнување на пријавата дадена во прилог кои ќе ги доставите на факс: (02) 244 8134 или на е-маил: info@sbch.org.mk
контакт-телефон: (02) 2448-077
Котизацијата за учество е со 20% попуст за Standard и Premium членови на Комората на Мал Бизнис.