Овозможуваме вмрежување и воспоставување на проектни линии за финансирање, маркетинг, продажба на производи, услуги и инвестиции. Нудиме менторски услуги, едукација и деловно советување од мрежа на локални и интернационални консултанти и соработници.
Организираме и поддржуваме услуги за своите членки:
- Едукација за бизнис и нови технологии,
- Постојана промоција и маркетинг на фирмите секаде и секогаш,
- Поврзување со соседните земји и постојано зајакнување на предностите од централна комуникација,
- Финасиска поддршка за тековното и инвестиционото работење од банките во земјата и странски фондови,
- Имплементација на фондови на ЕУ наменети за регионот,
- Постојана соработка со научни и експертски тимови, соработка со соодветни НВО,
- Пласман на производи и интелектуални услуги во земјите на блискиот исток.
Од друга страна со својот делокруг на работа посветена сме и на:
- Непосредна соработка со соседните земји во имплементација на фондовите од енергетска ефикасност и екологија
- Деловна соработка и размена на искуства во секторот на градежништвото во соседните земји,
- Поврзување со информативните системи на Комората на ЕУ,
- Поддршка на женското претприемништво
- Поддршка на општествено одговорно деловно работење и инвестиции
- Прекугранична и регионална деловна и институционална соработка