Финансирање и Менторска Поддршка

Центарот за Финансирање и Менторска Поддршка претставува групација во рамките на Комората на Мал Бизнис на членки со приоритетна дејност: фондација, финансирање, финансиски и сметководствен консалтинг,правен и деловен консталтинг, а со основна цел на групацијата - Менторство и поддршка на менаџментот на малите и средни претпријатија во одредување, аплицирање и имплементирање финансиски инструменти за поддршка на реализација на профитабилни проекти.

Соработката со Центарот за Финансирање и Менторска Поддршка заинтересираните можат да ја остварат како членови на Комората. Членови на Центарот за Финансирање и Менторска Поддршка се правни субјекти кои се Standard или Premium членови на Стопанската Комора на Мал Бизнис. Членовите можат активно да учествуваат во работата на Центарот - да иницираат проекти, да креираат партнерства и да бидат изведувачи на проектите. Членовите се физички лица - експерти или правни субјекти. Активностите за тековните проекти на Центарот соработниците (физички лица) можат поблиску да ги следат како Basic или Standard членови на Комората на Мал Бизнис.

Adria Finance HUB - платформа за поддршка на инвестициски фондови и финансиски инструменти на ризичен капитал за поддршка на развојни проекти https://www.sbch.org.mk/platformi/adria-finance-hub

- ESCo-SUN - модел за финансирање на проекти за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија во јавниот сектор, локалната самоуправа и деловниот сектор.
https://www.sbch.org.mk/povici/esco-sun-2020