Претприемништво и социјален импакт

Green Social Entrepreneurship Network
PROMO VIDEO
https://youtu.be/zwh2tIPpI3c

Green Social Entrepreneurship Network е неформална мрежа на партнери на Комората на Мал Бизнис која ги поддржува проектите и имплементацијата на најдобрите практики за одржлив развој на зелената економија и социјалното претприемништво.

----------------------------------------------------------------------

Smart Digitalization
http://www.sbch.org.mk/platformi/smart-digitalization-cluster

„Паметна„ дигитализација која ќе води кон социјална дигитална трансформација - превземање на протоколите за административните и некреативни работни активности од страна на вештачката интелигенција и користење на машинско учење за креирање социјална дигитална трансформација во која машините ќе учат, развиваат алгоритми и прилагодуваат сопствени протоколи, a согласно човечките социјални и креативни капацитети. Иницијативата се однесува за поддршка на поширока експертска група на чинители (поединци и институции) кои освен техничките аспекти ќе бидат обучени за Проценка на Дигиталната Трансформација во деловниот и јавниот сектор базирана на анализа на податоци за проценка на дигитализацијата - јаки и слаби страни, можности и приоритети. Проценката ќе даде информации поврзани со зрелоста на субјектите за дигитална трансформација согласно практикуваните:

- Управување и лидерство,
- Луѓе и култура,
- Капацитет и способност,
- Иновации,
- Технологија.