Лидерски потенцијали и вештини

ПОКРОВИТЕЛИ НА НАСТАН

ОРГАНИЗАТОРИ НА НАСТАН

Team Communication & HR management

Семинарот Лидерски потенцијали и вештини има цел менаџерите и раководителите да ги подготви за примена на лидерски вештини за водење на вашата организација на ново ниво на реализација, мотивација и продуктивност. Семинарот кај учесниците ќе придонесе за постигнување компетенции на лидерски вештини и нивна практична примена за зголемување на моралот и продуктивноста во организацијата, како и можностите и границите во чии рамки треба да се управува со човечките ресурси.

Сите менаџери не се лидери и сите лидери не се менаџери. Менаџментот значи ефикасно реализирање на работата со управување на луѓето. Лидерството е вештина на инспирирање и мотивирање на луѓето да ја реализираат ефикасно нивната работа.

За успешно лидерство потребна е комуникациска стратегија во интерните односи со вработените во организацијата. Преку користењето на зборовите на одреден начин, способен професионалец може да влијае на односите со интерната јавност и на промена на однесувањето и очекувањата.

Предавач и инструктор на семинарот „Лидерски потенцијали и вештини„ од 11 до 25 декември 2018 г. е Г-ѓа Катерина Вељановска Блажевска , професор на факултет за безбедности при МИТ Универзитет.

КОЈ МОЖЕ да пријави учество ?

Семинарот се организира како интерна менторска обука и тим билдинг програма на човечките ресурси од извршниот менаџмент во организациите, со прилагодена програма на реализација. Семинарот можат да ја следат претприемачи од мали и средни претпријатија, претставници на производни и трговски претпријатија, претставници на корпоративниот менаџмент, извршниот менаџмент и раководители на тимови на компании, јавни установи, финансиски и други видови организации но и приватни лица. ProExcellent е сертифицирана тренинг програма за размена на деловно искуство и воспоставена пракса на компаниите и организациите.

Програмата се реализира како еднодневна (сабота) тим билдинг програма или менторска програма со 3 сесии од 120 мин. во попладневни термини по договор. Отворена група се реализира со 3 предавања во вторник од 17.30-19.30 часот.

Котизација (менторска програма или интерна група)

Котизација за реализација на семинарот е 39.000,00 ден./групи до 10 учесници. Доплата за дополнителни учесници: 3.600,00 ден / учесник. Максимален број е 16 учесници во една група.

Котизација (отворена група)

Котизација за учество на отворена група за семинарот е 3.900,00 ден./учесник

-------------------------------------------------------------------------------------------------

Пријавување учество на три-дневната работилницата на линкот „ПРИЈАВИ СЕ„ или пријавата дадена на „СНИМИ ПРИЛОГ„ ќе ja доставитена е-маил: info@sbch.org.mk контакт-телефон: 070 223 686, (02) 2448-077. Котизацијата за учество е со 20% попуст за Premium членови на Комората на Мал Бизнис.

КОТИЗАЦИЈА: 3.900,00ден.

  1. Вторник, Декември 11, 2018

    Семинарот ќе се реализира во три дена (вторник) од 17.30 - 19.30 часот, во Скопје.

    Програмата ќе се реализира со три предавања по 120 мин.

    Почеток: 10 Декември 2018 г.

    Со завршување на семинарот учесниците ќе научат:

    - како да го препознаат лидерот во себе
    - како нивните активности да имаат ефект врз моралот на другите луѓе
    - како да ги поттикнат и мотивираат вработените
    - како да воспостават продуктивно партнерство со вработените
    - како да изградат свој автентичен лидерски стил
    - како да го адаптираат својот лидерски стил кон различните вработени и ситуации
    - како да изградат позитивен дух во тимот
    - како да одговорат на позитивен или негативен фидбек
    - како да поттикнат креативно размислување и иновации
    - како да креираат визија и како да ги остварат своите цели, планови и активности