Финансиски Извештаи во Excel

Меаџмент Клуб

Финансиските показатели од работењето на претпријатијата и организациите се содржат во финансиските извештаи

Целта на оваа обука е да го демонстрира процсот на креирање на трите основни проектирани финансиски извештаи ( биланс на успех, состојба и парични текови). Притоа, фокусот ќе биде ставен на анализата на историските податоци за дадена компанија како основа во развојот на претпоставките кои ќе се користат во предвивидувањето на идните финансиски резултати.

Обуката треба да помогне во разбирање на различните пристапи за развој на влезни податоци при проекција на финансиските извештаи, да помогне во разбирање на процесот на предвидување на приходите, трошоците, приливите, одливите, средствата и изворите на финансирање и да демонстрира креирање на модел за развој на проектираните извештаи.

При креирањето на моделот за прдвидување ќе бидат дискутирани различните пристапи во проекцијата, анализата на трендот, сценарио анализата и анализата на сензитивноста. Притоа ќе се започне со билансот на успех по што ќе следат проекцијата на паричните текови и билансот на состојба.

Предавач и модератор на работилницата „Финансиски Анализи во Excel„ на 29 мај и 5 јуни 2017 г. е Г-н Владимир Матевски , менаџер Vision Consulting Ценетите гости ќе разменат искуства и воспоставена пракса за Управување со обртните средства во своите компании и организации.

КОЈ МОЖЕ да пријави учество ?

Настанот е отворен за сите заинтересирани учесници и поддржува вмрежување и остварување деловни контакти. Можат да пријават регистрирани стопански субјекти - претпријатија, институции, установи и организации во приватна и државна сопственост но и приватни лица. Менаџмент Клуб КМБ е отворена платформа за размена на деловно искуство и воспоставена пракса на компаниите и организациите.

Работилницата ќе се реализира во два дена на 29 мај и 5 јуни 2017 година (понеделник) од 19.30 - 21.30 часот, во Скопје.

Програмата ќе се реализира со две предавања по 120 мин, два понеделника во ист термин.

--------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Пријавување учество на дводневната работилницата на 29 мај и 5 јуни 2017 г. на линкот „ПРИЈАВИ СЕ„ или пријавата дадена на „СНИМИ ПРИЛОГ„ ќе ja доставите на факс: (02) 244 8134 или на е-маил: info@sbch.org.mk контакт-телефон: (02) 2448-077. Котизацијата за учество е со 20% попуст за Standard и Premium членови на Комората на Мал Бизнис.

КОТИЗАЦИЈА: 2.900,00ден.

  1. Понеделник, Мај 29, 2017

    Финансиски анализи со Excel
    (дво-дневна обука)

    - проекција на финансиски извештаи, анализа на историски извештаи, изработка на финансиски извештаи ( биланс на успех, состојба и парични текови) прогноза на приходите, трошоците, приливите, одливите, средствата и изворите на финансирање-
    прогноза на финасиски извештаи
    - 29 мај и 5 јуни 2017