ISO/IEC 50001:2018 стандард за Енергетски менаџмент системи (EnMS)

ПОКРОВИТЕЛИ НА НАСТАН

ОРГАНИЗАТОРИ НА НАСТАН

Закон за енергетска ефикасност и EnMS транзиција

Компаниите кои имаат воведен ISO/IEC 50001:2018 сертифициран Енергетски Менаџмент Систем (EnMS) енергетската контрола на секои четири години пропишана со Законот за Енергетска ЕФикасност може да ја вршат со обучено лице-енергетски менаџер, вработено во компанијата.

Согласно Нацрт Законот за Енергетска Ефикасност предложен до Собранието на РСМ првите енергетски контроли во јавниот сектор и големите претпријатија согласно Законот ќе се реализираат до 30 јуни 2020 год. Согласно предложениот Закон предвидена е обврска за спроведување на енергетска контрола од страна на големите претпријатија на секои четири години и глоби доколку контролата не се реализира од овластено лице.

Согласно овој закон, лицата од јавниот сектор се должни да определат од редот на своите вработени одговорни лица кои го следат и управуваат со производството и потрошувачката на енергија во зградите и градежните единици во кои вршат активности, како и да ги спроведуваат пропишаните мерки за подобрување на енергетската ефикасност за кои се одговорни.

--------------------------------------------------------------------------------------------------

Стопанската Комора на Мал Бизнис на Македонија и Здружението на енергетски менаџери „ЕУРЕМ МК“ Ве повикуваат да присуствувате на претстојниот семинар „ISO/IEC 50001:2018 стандард за Енергетски менаџмент системи (EnMS)„ , кој ќе се реализира во два дена 7 и 11 Декември 2019 г.

После оваа обука учесниците ќе се здобијат со следните придобивки:

- Препознавање на одредбите и барањата од стандардот ISO 50001:2018 – Системи за менаџмент со енергија. Барања со упатство за примена.
- Осознавање на насоките за примена на системи за управување со енергија кои ги нуди ISO 50001:2018.
- Појаснување на целите на ISO 50001 и предностите на организациите кои го имплементираат и користат стандардот.

По успешно завршување на обуката, учесниците ќе ги познаваат одредбите и барањата од стандардите ISO50001:2018 / ISO50001:2011, документацијата поврзана со промените, воспоставување и одржување на EnMS и учесниците ќе се стекнат со вештини и знаења потребни за воведување на бараните промени и успешност во процесот на транзиција од ISO50001:2011 во новиот ISO50001:2018 стандард.

-----------------------------------------------------------------------------------------------------

Учесниците можат да продолжат со следни модули на меѓународно сертифицирани обуки:

- ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ EN ISO 19011:2018 (НОВАТА ВЕРЗИЈА) - 12 и 13 Декември 2019 г.
- ВОДЕЧКИ ПРОВЕРУВАЧИ EN ISO 19011:2018 (НОВАТА ВЕРЗИЈА) - Февруари 2020 г.
- ЕУРЕМ 2020 - Европски Енергетски Менаџер - Декември 2019 - Мај 2020 г. http://www.cosmoinnovate.com.mk/obuki/magjunarodniobuki/energetskaefikas...

Обуката е наменета за продлабочувања на експертските сознанија на раководители, енергетски менаџер, интерни проверувачи и технички експерти преку согледување на современите тенденции во поглед на управување со сите аспекти на енергијата преку задолжителните барања на новата верзија на стандардот и Законот за енергетска ефикасност.
-----------------------------------------------------------------------------------------------------------

Пријавување учество се врши со пополнување на пријавата дадена на линкот >>> https://www.sbch.org.mk/sites/default/files/Prijava%20-Seminar%20za%20ISO_IEC%2050001_2018%20-%207%20i%2011%20Dekemvri%202019.doc или на банерот СНИМИ ПРИЛОГ која ќе ја доставите на е-маил: info@sbch.org.mk контакт-телефон: (02) 2448-077 и 070/223 686

КОТИЗАЦИЈА: 8.850,00ден.

  1. Сабота, Декември 7, 2019

    ISO/IEC 50001:2018 стандард за Енергетски менаџмент системи (EnMS)

    Настанот е отворен за сите заинтересирани учесници и поддржува вмрежување и остварување меѓусебни деловни контакти.
    Котизација за учество на дво-дневната обука е 8.850,00 ден./лице.

    ПРОГРАМА:

    Модул 1 - Енергетски Менаџмент и енергетски инжинеринг

    Технологијана мерење и регулација
    • основни функции на регулирањето
    • компоненти
    • вмрежување на системите за контрола

    Load Management (Управување со оптоварувањето)

    Модул 2- Систем за енергетски менаџмент според ISO 50001

    Основи поставки на ISO 50001:2018 споредба со старата верзија
    - контекст на организацијата, Опсег на системот за управување, Систем за управување со енергијата,
    -Лидерство, енергетска политика, улоги и одговорности
    - Планирање, ризици и можности, цели, енергетски преглед, енергетски карактеристики, референтна линија, прибирање на податоци
    - Одржување, ресурси, компетентност, совесност, комуникација, документирана информација

    Имплементација на мерки за зголемување на енергетската ефикасност и проверка
    - Дејности, оперативно планирање и управување, проектирање, набавка
    - Интерен одит и преглед на раководство
    - Подобрување Систем за енергетски менаџмент според ISO 50001

    Вежби -Енергетско планирање
    Примери од пракса
    Тест

12/07/2019 to 12/11/2019
Add to Calendar