Во Менаџмент Клуб сесијата на 25 Ноември 2016 г. ценетите гости ќе разменат искуства и воспоставена пракса за Влијание на јавното мислење врз креирање на деловните политики со осврт на:
- Практикување на Моделот на односи со јавноста во компаниите
- Информирање на јавноста - формирање на јавно мислење
- Влијание на јавното мислење врз креирање на деловните политики
- Лобирање на деловната јавност во креирање на јавни политики
Односите со јавноста се планираат како непрекината активност да се воспостават и одржат добри односи и меѓусебно рабирање помеѓу организацијата и нејзината публика: купувачи, вработени, акционери, трговци , добавувачи, влади и општеството во целина.
Преку користењето на зборовите на одреден начин, способен професионалец може да влијае на односите со јавноста и на промена на однесувањето и очекувањата. Во општеството, маркетинг односот во јавноста е значаен за обликување на мислењата. Но исто така и во обратен правец јавното мислење влијае во креирањето на деловните политики на организациите и компаниите.
МЕНАЏМЕНТ КЛУБ КМБ
КОМОРА НА МАЛ БИЗНИС - мрежа за деловен успех
Small Business Chamber - business success networking
Комора на мал бизнис на Македонија повикува на учество во Менаџмент Клуб КМБ сесиите - отворена платформа за размена на деловно искуство и воспоставена пракса на компаниите и организациите.
Повикани за учество се заинтересирани приватни компании, финансиски организации, јавни институции, останати организации и засегнати страни инволвирани во креирање на деловните и општествени маркетинг комуникациските политики и односите со јавноста.
Пријавување учество во Менаџмент Клуб КМБ сесијата на 25 ноември 2016 г. се врши со кликнување на линкот „ПРИЈАВА„ и пополнување на потребните податоци за учесниците.
Котизацијата за учество е со 20% попуст за Standard и Premium членови на Комората на Мал Бизнис.
Стопанска комора на мал бизнис
бул.Јане Сандански 113
1000 Скопје
тел. (02) 244 8077, тел/фах. (02) 244 8134
info@sbch.org.mk
www.sbch.org.mk