Интегрирано Бизнис Планирање и Буџетирање

Strategic Thinking & Team Building

Семинарот е наменет за стекнување вештини од областа на интегрирано бизнис планирање, управувањето со буџетирањето и контролингот за деловни субјекти, комерцијални и јавни претпријатија и непрофитни организации. Семинаерот е наменет за сите вработени кои работат или ќе работат како менаџери, финансиски раководители и координатори во профитни субјекти и непрофитни организации.

Со користење на соодветните инструменти, преку буџетирањето и контролингот, може да се воочат аномалиите во работењето и да се предупреди менаџментот на потенцијалните можности или проблеми во деловното работење.

Една од придобивките на контролингот е интегрираниот бизнис-план, кој се состои од план за активности, буџет и цели на компанијата. Контролингот во текот на годината ги следи активностите и подготвува извештаи за управување и менаџирање на сите нивоа.

Предавачи и модератори на семинарот „Интегрирано Бизнис Планирање и Буџетирање„ се Г-ѓа Анета Тодоровска и Д-р Арсе Петрески.

КОЈ МОЖЕ да пријави учество ?

Семинарот се организира како интерна обука за стратешко размислување и тим билдинг на човечките ресурси од извршниот менаџмент во организациите, со прилагодена програма на реализација. Можат да се пријават регистрирани стопански субјекти - претпријатија, институции, установи и организации во приватна и државна сопственост но и фондации, граѓански и непрофитни организации. ProExcellent е сертифицирана тренинг програма за размена на деловно искуство и воспоставена пракса на компаниите и организациите.

Програмата се реализира во два модула: интензивна викенд (петок-недела) тим билдинг програма или класична програма со 2 предавања во сабота од 10.00-16.00 часот. Отворена група се реализира со 8 предвања во вторник и четврток од 18.30-20.30 часот од 17 Јануари 2019 год.

Котизација (интерна група)

Котизација за реализација на семинарот е 69.000,00 ден./групи до 10 учесници. Доплата за дополнителни учесници: 6.100,00 ден / учесник. Максимален број е 16 учесници во една група.

Котизација (отворена група)

Котизација за учество на отворена група за семинарот е 6.900,00 ден./учесник . Попуст до 31 Декември 2018 - цена 5.900,00 денари 

-----------------------------------------------------------------------------------------------------

Пријавување учество на линкот „ПРИЈАВИ СЕ„ или пријавата дадена на „СНИМИ ПРИЛОГ„ ќе ja доставите на е-маил: info@sbch.org.mk контакт-телефон: (02) 2448-077. Котизацијата за учество е со 20% попуст за Premium членови на Комората на Мал Бизнис.

КОТИЗАЦИЈА: 69.000,00ден.

  1. Четврток, Јануари 17, 2019

    Интегрирано Бизнис Планирање и Буџетирање
    (дво-дневна интерна обука)
    (осум предавања отворена група)

    - Стратешко размислување во бизнис планирањето
    - Од визија до контрола на целото
    - Менаџмент на ризиците
    - Буџетски системи во компанијата/фирмата
    - Релација меѓу буџетот и останатите функции во компанијата (управување со трошоците и планирањето)
    - Бизнис план и буџетирање
    - Процес на буџетирање – Budget cycle
    - Изготвување на буџетот за продажба/производство/маркетинг/администрација
    - Клучни показатели за следење на буџетот
    - Консолидација на буџетот и Rolling forecast
    - Улогата на контролингот во процесот на буџетирањето - Budget control

01/17/2019
To event remaining 1 day
Add to Calendar