Управување со обртни средства - буџетирање и проекција на готовинскиот тек

ПОКРОВИТЕЛИ НА НАСТАН

ОРГАНИЗАТОРИ НА НАСТАН

Workshop & Management Session

Успешното менаџирање со обртните средства треба да даде одговор на следниве прашања:

- Кое е потребното ниво на готовина со кое компанијата треба да располага?

- Колку брзо побарувањата и залихите се претвараат во готовина?

- Со каква динамика се прват исплатите према добавувачите, вработените и останатите?

- Како да направам издржана проекција на готовински тек?

- Која е најповолната опција за краткорочно финансирање?

- Кои се можностите за краткорочно инвестирање?

Целта на ефективното менаџирање на обртните средства е да обезбеди компанијата да има адекватен пристап до финансиски средства потребни за покривање на дневните оперативни трошоци, а истовремено да овозможи расположливите финансиски средства да бидат инвестирани на најпродуктивен начин.

Проекцијата на готовинскиот тек претставува суштински елемент на процесот на планирање и основа при буџетирањето и проценките на идните финансиски потреби. Исто така, дава информации за тоа како и на која основа се зголемува или намалува готовината во текот на периодот на кој се однесува проекцијата.

Предавач и модератор на работилницата „Управување со обртни средства - буџетирање и проекција на готовинскиот тек„ на 20 и 27 јуни 2017 г. е Г-н Владимир Матевски , менаџер Vision Consulting Ценетите гости ќе разменат искуства и воспоставена пракса за Управување со обртните средства во своите компании и организации.

КОЈ МОЖЕ да пријави учество ?

Настанот е отворен за сите заинтересирани учесници и поддржува вмрежување и остварување деловни контакти. Можат да пријават регистрирани стопански субјекти - претпријатија, институции, установи и организации во приватна и државна сопственост но и приватни лица. Менаџмент Клуб КМБ е отворена платформа за размена на деловно искуство и воспоставена пракса на компаниите и организациите.

Дво-дневната работилница ќе се одржи на 20 и 27 Јуни 2017 година (вторник) од 17.30 - 19.30 часот, во Скопје.

Пријавување учество на работилницата на 20 и 27 јуни 2017 г. на линкот „ПРИЈАВИ СЕ„ или пријавата дадена на „СНИМИ ПРИЛОГ„ ќе ja доставите на факс: (02) 244 8134 или на е-маил: info@sbch.org.mk контакт-телефон: (02) 2448-077. Котизацијата за учество е со 20% попуст за Standard и Premium членови на Комората на Мал Бизнис.

КОТИЗАЦИЈА: 2.900,00ден.

  1. Вторник, Јуни 20, 2017

    Агенда:
    - Менаџирање на работниот капитал и залихи
    - Финансирање на тековните средства, готовински буџет, залихи
    - Намалување на ризикот - поврзан со готовинскиот тек
    - Различни извори на готовина и нејзина употреба
    - Управување со готовината - клучни менаџерски практики

06/20/2017 to 06/27/2017
Add to Calendar