Македонски Енергетски Ден 2018

ПОКРОВИТЕЛИ НА НАСТАН

ОРГАНИЗАТОРИ НА НАСТАН

Проекти и проектни концепти со финансирање од финансиски институции, ЕУ фондови и Светска Банка и Согласно Законот за финансиска поддршка на инвестициите

Центарот за Финансирање на Комората на Мал Бизнис согласно програмата за Менторство и поддршка на менаџментот на малите и средни претпријатија учествува во одредување, аплицирање и имплементирање финансиски инструменти за поддршка на реализација на профитабилни проекти. Согласно повикот за пријавување проекти и проектни концепти по програмите:

1. Sustainable, Green & Smart (SGS)
2. Global Innovative Program

на 21 септември 2018 г. ќе се презентираат проектни концепти од компании и јавни организации пред заинтересирани финансиски институции, фондови и потенцијални инвеститори за партнерски, Јавно Приватно Партнерство или ESCO модели на финансирање.

Европската Комисија проценува дека е потребна "мобилизацијата на дополнителни 177 милијарди евра годишно од јавни и приватни извори на инвестиции во периодот од 2021 до 2030 година за да се постигнат климатските и енергетски цели зацртани за 2030 година ".

Дали сите успешни проекти можат да добијат пристап до финансирање ?

- Менаџерите со фондови (банки и инвестициски фондови) успешно финансираат само 5%-15% од сите аплицирани проекти
- Компаниите често сами ги финансираат своите проекти или користат банкарски заеми поради тешкиот пристап до соодветно финансирање
- Јавните организации во нашата средина и регионот се често презадолжени за да имаат пристап до кредитно финансирање

Центарот за Финансирање на Комората на Мал Бизнис помага во обезбедувањето пристап до соодветно проектно финансирање како трета страна која обезбедува комплетен инжинеринг со проценка на проектна идеја, подготовка на проектен концепт или ревизија и длабинска анализа на проект, препорака на технологија за имплементација, изведувачи, гаранција и одржување што го олеснува и забрзува финансирањето на проектите за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија.

Понудата на иновативни и креативни комбинации на финансиски извори за проектите , учество на претставници на Центарот за финансирање со поддршка во реализација на проектот , стандардизирана програма на одржување на инсталираната опрема за заштеда на енергија од сертифицирани партнери во SEI Consortium се параметри со кои се поддржуваат ESCO, инжинеринг компаниите и инвеститорите во проекти за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија.

------------------------------------------------------------------

Настанот ќе се одржи на 21 септември 2018 година во Скопје. Вредноста на котизација за учество е дадена во пријавата. Ве молиме да го пријавите Вашето присуство со пополнување на пријавата (дадена да се превземе од банерот СНИМИ ПРИЛОГ), која ќе ја доставите на на e-mail info@sbch.org.mk контакт-телефон: (02) 2448-077 и 070 223 686 Здружение за енергетска ефикасност EUREM MK Стопанска комора на мал бизнис бул.Јане Сандански 113 1000 Скопје тел. (02) 244 8077, тел/фах. (02) 244 8134 info@sbch.org.mk www.sbch.org.mk

КОТИЗАЦИЈА: 1.850,00ден.

  1. Петок, Септември 21, 2018

    Листа на селектирани проекти:

    1. Креирање на современ концепт на енергетски менаџмент во ООУ Димитар Поп Ѓорѓиев Беровски преку ЈПП/ ESCO модел

    2. Реконструкција на Јавен базен со систем за греење на водата со соларни панели - Општина Крива Паланка

    3. Фотоволтажна соларна централа за производство на електрична енергија за сопствени потреби на објект на претпијатието за производство DIECOTEC, Дебар

    4. Реконструкција на систем за греење и супституција на енергенс мазут со природен гас во автобуска база Автокоманда на ЈСП Скопје

    5. - Студија за модернизација на осветлување на објект и промена на фасада СОТУ Орде Чопела - Прилеп
    - Набавка на Smart автобуси за локален градски сообраќај со погон природен гас

    6. - Соларни панели за производство на електрична енергија за сопствени потреби на објектот на спортската сала „Гемиџии“
    - Реконструкција на клон од детската градинка „Димче Мирчев“ во Велес

    7. - Реконструкција на детска градинка „Буба мара“, објект – „Пчелка 1“,Општина Аеродром,
    - Енергетска реконструкција на градинка Чекорче во Општина Аеродром

    8. - Подобрување на енергетската ефикасност во СОТУ Ѓорѓи Наумов, Битола
    - Подобрување на енергетската ефикасност ЈОУДГ „Наша Иднина“ - Битола, ОБЈЕКТ БИСТРИЦА

09/21/2018
To event remaining 34 days
Add to Calendar