Акционен План за Германски Пазар

ПОКРОВИТЕЛИ НА НАСТАН

ОРГАНИЗАТОРИ НА НАСТАН

Германски Технички Клуб / Deutsch Technische Club

ГЕРМАНСКИ ТЕХНИЧКИ КЛУБ (ГТК), DEUTSCH TECHNISCHE CLUB (DTC) е платформа на Стопанската Комора на Мал Бизнис за размена на деловно искуство и воспоставена пракса на Македонските и Германските компании и организации кои имаат деловна соработка во Македонија и регионот на Западен Балкан.

Според Претседателот на Индустриската Стопанска Комора на Нинберг - Marcus M. Lotzsch интересот на Германските компани за соработка со Македонија се зголемува и над 115 компании само од регионот на Нинберг се активни во Македонија, а стапката на пораст е околу 20% (интервју со Marcus M. Lotzsch на линк >>> https://www.youtube.com/watch?v=p-Y9m0D5WV4 )

PREMIUM членките на Комората на Мал Бизнис кои имаат воспоставена деловна релација со компании и организации од Сојузна Република Германија се иницијатори и оснивачи на Германскиот Технички Клуб (ГТК). Се повикуваат и нови членки на Комората на Мал Бизнис за вмрежување во Германскиот Технички Клуб (ГТК), планирање и реализација на Програмата и Акциониот План на ГТК за 2017 год. и воспоставување одржливи групации и кластери на

приоритетни извозни производни и услужни индустрии/дејности:

* металопреработувачка индустрија
* прехранбена индустрија
* информатика
* проектирање и инжинеринг - градежни проекти, индустриски процеси, автоматизација, енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

Германски Технички Клуб Програми :

Енергетика и Енергетска Ефикасност

Интегрирање на Процеси и Автоматизација
Информатичка Технологија

Вмрежување, извозна поддршка и посредништво

.

Германски Технички Клуб - Менаџмент Сесија - 31 Март 2017 г. .................................................................................................................... Иницијативи и предлози за Акционен План за Германски Пазар ГТК 2017 сите заинтересирани можат да ги предложат во пријавата за учество на менаџмент сесијата на 31 Март 2017 год. - дадена во прилог. Ве молиме да го пријавите Вашето присуство со пополнување на пријавата дадена во прилог, која ќе ја доставите на e-mail info@sbch.org.mk ...................................................................................................................... Повеќе информации на тел. 070 271 901 ...................................................................................................................... Повикани за учество се заинтересирани приватни компании, финансиски организации, јавни институции, останати организации и засегнати страни инволвирани во креирање на деловната и техничката соработка помеѓу Република Македонија и Сојузна Република Германија. Настанот е отворен за сите заинтересирани учесници и поддржува вмрежување и остварување меѓусебни деловни контакти. ................................................................................................................... контакт-телефон: (02) 2448-077 и 070/271-901 ................................................................................................................... ЗАБЕЛЕШКА: - Учесниците на предстојната обука EUREM 2017 http://mk.eurem.net/ имаат -50% попуст во првата година за PREMIUM чланарината и активно учество во Германскиот Технички Клуб - Котизацијата за учество на настанот е со 50% попуст за членови на Комората на Мал Бизнис.

КОТИЗАЦИЈА: 1.950,00ден.

  1. Сабота, Март 25, 2017