Етика на Енергетиката

ПОКРОВИТЕЛИ НА НАСТАН

ОРГАНИЗАТОРИ НА НАСТАН

EcoCert платформа

Енергетската индустрија предизвикува катастрофални климатски промени. Околу 100 компании кои произведуваат најголем дел од емисиите на стакленички гасови се предвидува да ја загреат планетата за четири степени до крајот на векот: што ќе значи поплавување на крајбрежен градови, редовни топлотни бранови кои предизвикуваат суши и пожари и уништување на екосистемите од кои зависи човечката цивилизација.

Но не мора да го доживееме тоа сценарио: веќе е можно да се создаде етичка енергија која е еколошка одржлива, како и општествено одговорна. Но, „зелениот“ енергетски сектор во сегашната форма е далеку од совршен, при што многу зелени добавувачи често се вклучени во бескорисни проекти - неодржливи за животната средина.

Дали зелената електрична енергија е навистина зелена?

Целата енергија која ја користиме се добива од електрани и генератори и се дистрибуира низ целата земја преку националната преносна и дистрибутивна мрежа. Иако целата наша енергија доаѓа од еден електро-енергетски систем, ние плаќаме различни снабдувачи за да ја обезбедиме нашата енергија. Но, ако нашата енергија потекнува од мешавината на снабдувачи преку националната мрежа, што значи да се биде „100% обновлив“ снабдувач? Теоретски, вашиот снабдувач ќе додаде толку обновлива енергија во системот, колку што ќе извадите и потрошите. Ова звучи како пристоен договор - но е комплицирано да се утврди дали сите снабдувачи на енергија се придржуваат кон декларираното.

Дали зелениот гас е навистина зелен?

Гасот кој од енергетската индустрија е означен како „природен гас“ е фосилно гориво. Иако природниот гас произведува половина од емисиите на јаглерод диоксид во однос на јагленот (по единица произведена електрична енергија), сепак произведува јаглерод диоксид: јаглерод диоксид што не можеме да си го дозволиме да го додадеме во атмосферата ако сакаме да го ограничиме затоплувањето до 1,5C во согласност со Парискиот договор. Постојат постројки кои произведуваат т.н. зелен гас , но не постои инфраструктура со која ќе може истиот да се користи на начин како природниот гас. Исто така придобивките од зелениот гас варираат бидејќи иако е обновлив извор на енергија зависно како се произведува има различен импакт:

- Зелен гас (биогас) од органски отпад: Ова е еколошко решение, бидејќи се користи метанот произведен од отпад кој инаку би завршил во атмосферата ако се остави органскиот отпад неконтролирано да се распаѓа.

- Зелен гас (биогас) од специјално одгледувани култури: Ова всушност не е толку зелено, бидејќи е потребно многу земја и вода за одгледување на ратенијата од кое се добива гасот.

Потрошувачка на етичка енергија значи намалување и ефикасност на потрошувачката на енергијата

Етиката на енергијата е неверојатно сложена:

- Ако имате договор со снабдувач на електрична енергија 100% од обновливи извори на енергија, електричната енергија што влегува во вашиот дом е сè уште мешавина од фосилни горива, нуклеарни и обновливи извори на енергија од националната мрежа — вашата потрошувачка на електрична енергија се балансира со вашиот снабдувач но и другите снабдувачи на не-обновлива енергија преку заедничката национална мрежа.

- Природниот гас е лош, но зелениот гас може да не биде добра замена ако доаѓа од земјоделските култури - позелен е ако е произведен од органски отпад кој пак може да содржи нуспроизводи од животинско потекло чија употреба може да биде не-етичка ?

- Нуклеарната енергија е извор на енергија со ниска емисија на јаглерод диоксид која може да ги спречи климатските промени - но дали оваа енергија е само темпирана бомба чија експлозија ќе донесе многу поголемо уништување на живиот свет, биодиверзитетот и екосистемите.

Постои еден лесен начин што можете да го превземете за дефинитивно да ја трошите енергијата повеќе етички: користете помалку енергија.   Енергетската ефикасност може да биде најголем придонесувач за намалување на глобалните емисии, со потенцијал да се намали глобалната побарувачка за електрична енергија за 20%. Исто така, користењето помалку енергијата ги намалува трошоците, така што енергетската ефикасност навистина е добитно решение.

-----------------------------------------------------------------------------------------------

Ве молиме да го пријавите Вашето присуство со пополнување на пријавата на линкот https://www.sbch.org.mk/sites/default/files/Prijava%20-%20Etika%20na%20Energetikata.doc или банерот „СНИМИ ПРИЛОГ„ , која ќе ја доставите на e-mail info@sbch.org.mk Инфорамции на тел. 070 223 686.

КОТИЗАЦИЈА: 1.850,00ден.

  1. Петок, Април 24, 2020

    EcoCert - SGS

    Платформа за промовирање, воспоставување и сертифицирање зелени проекти и одржлива деловна практика на компаниите и организациите sbch.org.mk/platformi/eco-en-cert

    Sustainable, Green & Smart (SGS)

    is a program of the Association of Energy Managers - EUREM MK and Sustainable Energy & Infrastructure (SEI) Consortium for the design, execution and supervision of energy efficiency projects in the public sector, the local self-government and the business sector. suitable for financing the ESCO model and the available financial instruments of financial institutions, funds and banks.
    http://www.sbch.org.mk/programi/twin-green-digital

    Презентер: Д-р Арсе Петрески - Европски Институт за Зелена Економија и Одржлив Развој