Инвестициски Анализи во Excel

ПОКРОВИТЕЛИ НА НАСТАН

ОРГАНИЗАТОРИ НА НАСТАН

Проекти со обновливи извори на енергија

promo video- EU INVEST
https://youtu.be/UfXs0BwwSc4

Ве повикуваме за учество на едно-дневниот семинар: „Инвестициски Анализи во Excel„ со on-line реализација на 17 Септември 2022 год. од 10.00 часот.

Семинарот „Инвестициски Анализи во Excel„ е воедно работилница за подготовка на финансиската анализа на инвестициони програми. Учесниците за време на работилницата можат да работат и да ја анализираат инвестицијата за својот проектен концепт.

Семинарот ќе се реализира со менторска поддршка за учесниците кои имаат подготвена проектна документација за инвестиции во одржливи енергетски проекти. Дополнителна менторска сесија ќе се реализира во договор согласно индивидуалните потреби и проекти на секој учесник.

Семинарот под менторство на Г-н Владимир Матевски - координатор на програмата „Финансирање и менторска поддршка„ на Комората ќе се фокусира на анализа на економската ефикасност при подготовка на инвестициски програми:

Основни финансиски поими
• Чинење / листа на трошоци за инвестициски проекти
• Пресметување камата, капитални трошоци, пресметка на ануитет
• Цени на ефикасноста, цени на работењето
• Трошоци поврзани со потрошувачката
• Трошоци поврзани со работата
• Трошоци за одржување
• Трошоци за вработените

Статус кво анализа
• Пресметка на специфичните трошоци за проект
 Компоненти на фиксната цена
 Компонентни на варијабилните трошоци

Опции за оптимизација
• Компаративна анализа на ефикасност на трошоците
• Пресметка на периодите на амортизација

Евалуација на резултатите од студијата на случај:
• Вкупен потенцијал за заштеда
• Ефикасност на трошоците, период на амортизација
• Анализа на сензитивноста

Програмата ма семинарот ќе им помогне на учесниците - претставници на деловниот и јавниот сектор кои имаат проектна идеја и документација за подготовка на проектен концепт соодветен за презентација пред заинтересираните инвеститори.

--------------------------------------------------------------

Програмата за „Финансирање и менторска поддршка„ и Adria Finance HUB финансиската платформа при Комора на мал бизнис на Македонија континуирано систематски ги следи достапните финансиски програми и помага на компаниите во изработка на инвестициски програми и апликации за финансирање одржливи развојни проекти од:
- Развојна Банка на Северна Македонија,
- Европската Банка за Обнова и Развој (EBRD),
- IPA фондови (local, regional, cross-border),
- IPARD програмата за поддршка на руралниот развој во Македонија,
- Interreg V,(transnational Balkan-Mediterranean Programme, interregional),
- Horizon 2020 инструментите за Мали Средни претпријатија број 9 и 11,
- Отворен фонд за југоисточна Европа за енергетска ефикасност на ГИЗ Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) GmbH,
- фондови поврзани со т.н. Берлински Процес за WB6 земјите на Западен Балкан,
- Инвестициски Фонд Meta Group, Италија
- CMSR Center for international cooperation and development, Словенија
- Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР),
- Комерцијалните банки итн.

ПОВИК за изработка на апликации за финансирање реконструирање на линк >>>
http://www.sbch.org.mk/povici/%D0%BF%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D0%BA-%D0%B7%D0%B...

----------------------------------------------------------------

Компаниите кои ќе пријават учество на претстојната обука за Практично Семтководство од 22 Септември 2022 г. ќе можат да ја проследат работилницата „Инвестициски Анализи во Excel„ без котизација.

Програма и пријавување за обуката за Сметководство на следниот линк >>> http://sbch.org.mk/content/%D0%BF%D1%80%D0%B0%D0%BA%D1%82%D0%B8%D1%87%D0...

------------------------------------------------------------------

Настанот е отворен за сите заинтересирани учесници и поддржува вмрежување и остварување меѓусебни деловни контакти. Ве молиме да го пријавите Вашето присуство со пополнување на пријавата дадена на линкот http://sbch.org.mk/sites/default/files/Prijava_Investiciski%20Analizi%20vo%20Excel.doc или банерот „СНИМИ ПРИЛОГ„, која ќе ја доставите на на e-mail info@sbch.org.mk Предавањето е планирано да се реализира on-line преку Skype платформата. ---------------------------------------------контакт-телефон: (02) 2448-077 и 070 223 686 Попуст 10% за два и повеќе пријавени од исто претпријатие/организација.

КОТИЗАЦИЈА: 6.180,00ден.

  1. Сабота, Септември 17, 2022

    Програмата за „Финансирање и Менторска Поддршка„ и Adria Finance HUB финансиската платформа на Комората на Мал бизнис за вашето претпријатие можат да изработат бизнис план за реконструирање и/или реструктуирање со подготовка на целосна документација за апликација за финансирање од Развојна Банка на РСМ, Фонд за Иновации и Технолошки Развој, програми за поддршка на Министерство за Економија и финансиски анализи за поддршка на тековните и нови профитабилни активности преку достапни финансиски инструменти и справување со вонредната економска ситуација.

    Изработка на типски проекти по финансиски програми и индустрии кои се погодни за аплицирање на достапни финансиски програми:

    - Прехранбена индустрија - индустриски објекти за преработка на земјоделски производи и прехранбени производи и производство во стакленици / оранжерии и сл.
    - Зелена енергија - градежни и електро-машинско монтажни работи на мали и средни хидроцентрали, пречистителни станици, соларни централи
    - Гасификација на реонски топлификациски системи - инсталирање на опрема за преточување на природен гас и инсталација за употреба на гас за индустриска, и домашна употреба и затоплување.
    - Енергетска ефикасност и одржлив развој - нови индустриски капацитети за производи и услуги кои поддржуваат одржлив развој и заштеда на енергија, реконструкција на објекти и имплементирање енерегетски ефикасна технологија за греење и/или климатизација за:
    * Деловни административни и услужни објекти - магацини за прехранбени производи, административни објекти, трговски центри, хотелски комплекси
    * Административни објекти на локална самоуправа и државни институции, вклучувајчи училишта, градинки, спортски сали, здравтвени објекти и сл.

09/17/2022
To event remaining 39 days
Add to Calendar