PROMO VIDEO
https://www.youtube.com/watch?v=pz8ReKYBt74&t=9s
Семинарот Лидерски потенцијали и вештини има цел менаџерите и раководителите да ги подготви за примена на лидерски вештини за водење на вашата организација на ново ниво на реализација, мотивација и продуктивност. Семинарот кај учесниците ќе придонесе за постигнување компетенции на лидерски вештини и нивна практична примена за зголемување на моралот и продуктивноста во организацијата, како и можностите и границите во чии рамки треба да се управува со човечките ресурси.
Сите менаџери не се лидери и сите лидери не се менаџери. Менаџментот значи ефикасно реализирање на работата со управување на луѓето. Лидерството е вештина на инспирирање и мотивирање на луѓето да ја реализираат ефикасно нивната работа.
За успешно лидерство потребна е комуникациска стратегија во интерните односи со вработените во организацијата. Преку користењето на зборовите на одреден начин, способен професионалец може да влијае на односите со интерната јавност и на промена на однесувањето и очекувањата.
Предавач и инструктор на семинарот „Лидерски потенцијали и вештини„ е Г-ѓа Катерина Вељановска Блажевска, доктор на науки и долгогодишен сертифициран тренер и консултант.
КОЈ МОЖЕ да пријави учество ?
Семинарот се организира како интерна менторска обука и тим билдинг програма на човечките ресурси од извршниот менаџмент во организациите, со прилагодена програма на реализација. Семинарот можат да ја следат претприемачи од мали и средни претпријатија, претставници на производни и трговски претпријатија, претставници на корпоративниот менаџмент, извршниот менаџмент и раководители на тимови на компании, јавни установи, финансиски и други видови организации но и приватни лица. ProExcellent е сертифицирана тренинг програма за размена на деловно искуство и воспоставена пракса на компаниите и организациите.
Програмата се реализира како еднодневна (сабота) интерна тим билдинг програма или индивидуална менторска (on-line) програма со 5 сесии од 120 мин. во термини по договор. Отворена група се реализира со 5 предавања - секој четврток од 17.30-19.30 часот.
-------------------------------------------------------------------
Котизација (менторска програма или интерна група)
Котизација за реализација на семинарот е 27.500,00 ден./групи до 5 учесници. Доплата за дополнителни учесници: 5.000,00 ден / учесник.
Пријава за интерна група >>> http://sbch.org.mk/sites/default/files/Prijava%20-%20%20Liderski%20poten...
-------------------------------------------------------------------
Котизација (отворена група)
Котизација за учество на отворена група за семинарот е 6.150,00 ден./учесник
--------------------------------------------------------------------
Пријавување за отворена група на линкот „ПРИЈАВИ СЕ„ или пријавата дадена на линкот
http://sbch.org.mk/sites/default/files/Prijava-Liderski%20potencijali%20i%20vestini%20%28otvorena%29_0.doc
ќе ja доставите на е-маил: info@sbch.org.mk контакт-телефон: 070 223 686, (02) 2448-077. Котизацијата за учество во отворената ON-LINE група е со 20% попуст за Standard и Premium членови на Комората на Мал Бизнис.