on-line група од 7 Март 2023
Потврда со уплата на 1 рата 3.900,00 ден.
Цена: 15.600,00 ден на 4 месечни рати, 1 рата 3.900,00 ден.
Програмата на курсот опфаќа комплетна практична обука за финансиско и материјално сметководство согласно International Financial Reporting Standards (IFRS) - Меѓународен Стандард за Финансиско Известување (МСФИ).
Се работи на компјутери со инсталиран професионален софтвер за сметководство и со реални документи - односно во текот на обуката се води реално сметководство на претпријатие. Обуката се реализира со професионален софтвер за материјално, книговодствено и комерцијално работење. Обуката се реализира дуално, 30-40% теоретска настава, 60-70% практична настава. Надзорот и сертифицирањето според Германските стандарди на дуално образование.
Со успешна реализација на обуката учесниците ќе можат самостојно да водат сметководство на мали и средни претпријатија. Учесниците на обуката можат да бидат почетници со или без предходно формално економско образование, исто така можат да бидат и веќе искусни вработени во оддел за финансии кои имаат потреба за комплетни познавања на сметководствените процедури, тековни законски прописи за самостојно водење на финансиско и материјално сметководство.
На обуката ќе се обработат следните теми:
- компјутерско и класично сметководство
- редослед на сметководственото работење и начините на книжење
- фактурата - основен сметководствен документ, и нивната формална и материјална исправност
- инвентар и биланс во фирми
- материјално сметководство (малопродажба и големопродажба)
- сметки - конта
- набавка-дефинирање на влезни фактури, контирање и книжење
- увоз, девизен извод и утврдување на курсните разлики
- продажба - дефинирање на излезни фактури, контирање и книжење
- амортизација и вредносно усогласување на постојаните средства
- извоз, девизен извод и утврдување на курсните разлики
- изводи
- благајна, патни и материјални трошоци
- евиденција - актива и пасива на биланс на состојба
- подготовка на плати
- ДДВ - законска рамка,составување и пополнување на ДДВ образецот
- периодична и годишна пресметка
- данок на добивка и Данок на вкупен приход
- БУ, БС и ДБ, запознавање, составување на завршната сметка и пополнување на пропишаните обрасци
------------------------------------------------------------------
Програмата ќе се реализира во вкупно 20 предавања секој вторник и четврток од 18.00 - 20.00 часот, on-line преку Skype палтформата.
------------------------------------------------------------------
on-line група од 7 Март 2023
Потврда со уплата на 1 рата 3.900,00 ден.
Цена: 15.600,00 ден на 4 месечни рати, 1 рата 3.900,00 ден.