ФИНАНСИРАЊЕ ПРОЕКТИ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ

Workshop & Menagment Session

Ве повикуваме за учество на работен состанок (работилница) менаџмент сесија на 6 Декември 2016 год. во организација на групацијата „Центар за финансирање и менторска поддршка„ и Здружението за енергетска ефикасност „ЕУРЕМ МК„ каде членките на Комората на Мал Бизнис ќе презентираат конкретни проекти за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија пред представници на Македонска Банка за Поддршка на Развојот (МБПР), Европска Банка за Обнова и Развој (EBRD) и заинтересирани комерцијални банки.

Со програмите на EBRD може да се поддржи консалтинг во изработка на проекти со донација од 50-70% од вредноста на проектот (донацијата е лимитирана на max.10.000 EUR)
Со програмите на МБПР директно се поддржуваат проектите финансирани од IPA фондовите, проекти од агробизнисот и проекти за енергетска ефикасност.

На работилницата можете да учествувате активно со презентација на проект или пасивно како публика.

Котизацијата за пасивно учество е воедно и годишна чланарина во Комората на Мал Бизнис - Basic членство која изнесува 1.535,00 ден.
Котизација за активно учество е воедно и годишна чланарина во Комората на Мал Бизнис -Standard членство која изнесува 6.180,00 ден.

Вашиот интерес за учество потврдете го со пополнување на пријавата дадена на линкот „СНИМИ ПРИЛОГ„ со повратен e-mail на info@sbch.org.mk или on-line пријавување на линкот „Пријави се„.

Доколку се одлучите за активно учество испратете кратка информација за проектот кој би го презентирале на настанот.

Забелешка: Организаторот ќе овозможи презентација само на предлог проекти за кои е подготвена проектна техничка документација.

Настанот е отворен за сите заинтересирани учесници и поддржува вмрежување и остварување меѓусебни деловни контакти. контакт-телефон: (02) 2448-077 и 070/223 686 „Центар за финансирање и менторска поддршка„ Здружение за енергетска ефикасност „ЕУРЕМ МК“ Стопанска Комора на Мал Бизнис бул.Јане Сандански 113 1000 Скопје тел. (02) 244 8077, тел/фах. (02) 244 8134 info@sbch.org.mk www.sbch.org.mk

КОТИЗАЦИЈА: 1.535,00ден.

  1. Вторник, Декември 6, 2016

    Центарот за финансирање и менторска поддршка претставува групација во рамките на Стопанската комора на мал бизнис на членки со приоритетна дејност: фондација, финансирање, финансиски и сметководствен консалтинг и деловен консталтинг, а со основна цел на групацијата - менторство и поддршка на менаџментот на малите и средни претпријатија во одредување, аплицирање и имплементирање финансиски инструменти за поддршка на реализација на профитабилни проекти. Соработката со Центарот за финансирање и менторска поддршка заинтересираните можат да ја остварат како придружни членови или како подизведувачи на проектите.

    ПРИЈАВА за соработник http://mk.eurem.net/download/attachments/692420625/Prijava%20za%20sorabo...