PR промоција, имиџ и бренд

ПОКРОВИТЕЛИ НА НАСТАН

ОРГАНИЗАТОРИ НА НАСТАН

Workshop & Menagment Session

На Менаџмент Клуб сесијата на 6 декември 2016 г. ценетите гости ќе разменат искуства и воспоставена пракса за практикување промотивните активности со осврт на:

- методите на примена на односите со јавноста во рамките на промотивните активности на претпријатијата и организациите,

- примена на односите со јавноста за остварување на комерцијалните цели и

- користење на односите со јавноста како алатка за позитивна презентација на претпријатието и организацијата во јавноста, изградба на имиџ и бренд.

Односите со јавноста претставуваат важен сегмент на секоја промоција. Како посебен дел од промотивниот микс, тие имаат значајно влијание врз широката јавност, која ги опфаќа не само купувачите, туку и целото окружување, со сите интересни групи, конкуренцијата, медиумите, па и самата држава.

Ментор: Катерина Вељановска-Блажевска

(CV, тренери) http://www.sbch.org.mk/profile-avtor/111

Повикани за учество се заинтересирани приватни компании, финансиски организации, јавни институции, останати организации и засегнати страни инволвирани во креирање на деловните и општествени маркетинг комуникациските политики и односите со јавноста. Пријавување учество во Менаџмент Клуб КМБ сесијата на 6 декември 2016 г. се врши со кликнување на линкот „Пријави се„ и пополнување на потребните податоци за учесниците. Котизацијата за учество е со 20% попуст за Standard и Premium членови на Комората на Мал Бизнис. Стопанска комора на мал бизнис бул.Јане Сандански 113 1000 Скопје тел. (02) 244 8077, тел/фах. (02) 244 8134 info@sbch.org.mk www.sbch.org.mk

КОТИЗАЦИЈА: 1.950,00ден.

  1. Вторник, Декември 6, 2016

    ПРАШАЛНИК за менторска поддршка во прилог

    Компаниите и организациите кои имаат тековни проекти (промоција на производи и услуги, брендирање или ре-брендирање на организацијата на нови деловни пазари и сл.) за кои би сакале да остварат менторска поддршка ги повикуваме да го пополнат формуларот на линкот „СНИМИ ПРИЛОГ„ за организација на состанок со ментор за промоција и односи со јавноста.