"Правила и закони за трговија со енергијата"

ПОКРОВИТЕЛИ НА НАСТАН

ОРГАНИЗАТОРИ НА НАСТАН

27 Мај 2023

Правните субјекти можат да изберат добавувач на енергијата, но можат и да произведуваат енергија пред се за сопствени потреби, а со дополнителни инвестиции за заштеда на потрошувачката на енергија и соработка со енергетските компании да произведуваат и продаваат вишоци енергија.

Организаторот - Стопанската Комора на Мал Бизнис, "E-nergy Smart HUB " и „EUREM Alumni MK“ Ве повикуваат да присуствувате на семинарот „Правила и закони за трговија со енергијата" , кој ќе се реализира на 27 Мај 2023 г. во Скопје.

На семинарот ќе се презентира и дискутира за законските норми и пракси, методи за ефикасно финансирање, менаџмент и инжинеринг на производство и трговијата со енергијата, реални искуства и трендови за цените на енергијата :

ЗАКОНИ ЗА ЕНЕРГЕТИКА И ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ

Обврската за избор на добавувач на електрична енергија на либерализираниот пазар правните субјекти го прават врз основа на интерните анализи од обучен кадар (енергетски менаџери). Главната работа на енергетските менаџери е да ги најдат најефикасните начини за управување и производство на енергија во деловните објекти и производни процеси.

Мерење и управување со податоците за трошоците на енергијата, е обврска за претпријатијата која произлегува од Член 15 на Законот за енергетска ефикасност и избор на добавувач на електрична енергија согласно правилата на либерализиран енергетски пазар 01.01.2019.

Првите енергетски контроли во јавниот сектор и големите претпријатија ќе се реализраат согласно Законот за енергетска ефикасност донесен во февруари 2020 год. Согласно Законот, обврската на правните субјекти за енергетска контрола може да ја реализираат интерно со обучен кадар кој е дел од сертифициран систем за управување со енергијата или животната средина , или со помош на ангажирани надворешни овластени контролори.

-----------------------------------------------------------------

ПРИЈАВУВАЊЕ и УЧЕСНИЦИ

На настанот може да се пријават сите заинтересирани компании и организации кои имплементирале или ќе инвестираат во обновливи извори на енергија и управување со енергијата во производните или административни објекти.
Пријавување учество се врши со пополнување на пријавата дадена на линкот >>> http://sbch.org.mk/sites/default/files/Prijava%20-%20Pravila%20i%20zakon... која ќе ја доставите на е-маил: info@sbch.org.mk

-----------------------------------------------------------------

КОМОРА ЗА БИЗНИС И ПРЕТПРИЕМНИШТВО - мрежа за деловен успех
Business and Entrepreneurship Chamber - business success networking

Стопанска комора на мал бизнис
бул.Јане Сандански 113
1000 Скопје

тел. (02) 244 8077, 070 223 686
info@sbch.org.mk
www.sbch.org.mk

КОТИЗАЦИЈА: 6.180,00ден.

  1. Сабота, Мај 27, 2023

    ПРОГРАМА
    27 Мај 2023 г

    1. Законски основи за цена и трговија со енергија

    - Законски и подзаконски акти
    - Закон за енергетика и Закон за енергетска ефикасност
    - Регулаторна Комисија за Енергетика
    - Цена на енергијата - тарифен систем
    - Пазар на електрична енергија - Трговци со издадени лиценци за трговија со електрична енергија и претпријатија со лиценци за снабдување со електрична енергија
    - Македонска Берза за Електрична Енергија
    - Пазар на природен гас, пазар на нафата и нафтени деривати, пазар на топлинска и геотермална енергија

    2. Директиви на ЕУ - либерализација на енергетски пазар

    - пазар на електрична енергија
    - тргување со емисии
    - договори за енергетски услуги

    3. Производство на енергија од обновливи извори и управување со трошоците/потрошувачката за енергијата во компаниите и организациите

    - пресметка на цената на енергијата
    - системи за управување со енергијата
    - prosumers модел, metering & billing
    - зелено сертифицирање - MEMO оператор

    ЕУРЕМ - обука за енергетски менаџери

    http://sbch.org.mk/povici/%D0%B5%D1%83%D1%80%D0%B5%D0%BC-%D0%BE%D0%B1%D1...