Инвестициски Анализи во Excel

Финансирање одржливи проекти

Ве повикуваме за учество на семинарот: „Инвестициски Анализи во Excel„ со реализација на 3 Октомври 2020 год. Семинарот под менторство на Г-н Владимир Матевски - раководител на „Центар за финансирање и менторска поддршка„ ќе се фокусира на анализа на економската ефикасност при подготовка на инвестициски програми:

Основни финансиски поими
• Чинење / листа на трошоци за инвестициски проекти
• Пресметување камата, капитални трошоци, пресметка на ануитет
• Цени на ефикасноста, цени на работењето
• Трошоци поврзани со потрошувачката
• Трошоци поврзани со работата
• Трошоци за одржување
• Трошоци за вработените

Статус кво анализа
• Пресметка на специфичните трошоци за проект
 Компоненти на фиксната цена
 Компонентни на варијабилните трошоци

Опции за оптимизација
• Компаративна анализа на ефикасност на трошоците
• Пресметка на периодите на амортизација

Евалуација на резултатите од студијата на случај:
• Вкупен потенцијал за заштеда
• Ефикасност на трошоците, период на амортизација
• Анализа на сензитивноста

Семинарот „Инвестициски Анализи во Excel„ е воедно работилница за подготовка на финансиската анализа на инвестициони програми. Учесниците за време на работилницата можат да работат и да ја анализираат инвестицијата за својот проектен концепт.

--------------------------------------------------------------

„Центарот за финансирање и менторска поддршка„ и Adria Finance HUB финансиската платформа при Комора на мал бизнис на Македонија континуирано систематски ги следи достапните финансиски програми и помага на компаниите во изработка на инвестициски програми и апликации за финансирање одржливи развојни проекти од:
- Развојна Банка на Северна Македонија,
- Европската Банка за Обнова и Развој (EBRD),
- IPA фондови (local, regional, cross-border),
- IPARD програмата за поддршка на руралниот развој во Македонија,
- Interreg V,(transnational Balkan-Mediterranean Programme, interregional),
- Horizon 2020 инструментите за Мали Средни претпријатија број 9 и 11,
- Отворен фонд за југоисточна Европа за енергетска ефикасност на ГИЗ Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) GmbH,
- фондови поврзани со т.н. Берлински Процес за WB6 земјите на Западен Балкан,
- Инвестициски Фонд Meta Group, Италија
- CMSR Center for international cooperation and development, Словенија
- Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР),
- Комерцијалните банки итн.

----------------------------------------------------------------

Настанот е отворен за сите заинтересирани учесници и поддржува вмрежување и остварување меѓусебни деловни контакти. Ве молиме да го пријавите Вашето присуство со пополнување на пријавата дадена на линот http://www.sbch.org.mk/sites/default/files/Prijava%20-%20Investiciski%20Analizi%20vo%20Excel.doc или банерот „СНИМИ ПРИЛОГ„, која ќе ја доставите на на e-mail info@sbch.org.mk Предавањето е планирано да се реализира on-line преку Skype платформата. ------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------ контакт-телефон: (02) 2448-077 и 070 223 686 Котизацијата за учество е со 20% попуст за Standard и Premium членови на Комората на Мал Бизнис.

КОТИЗАЦИЈА: 3.900,00ден.

  1. Сабота, Октомври 3, 2020

    Центарот за Финансирање и Менторска Поддршка и Adria Finance HUB финансиската платформа на Комората на Мал бизнис за вашето претпријатие можат да изработат бизнис план за реконструирање и/или реструктуирање со подготовка на целосна документација за апликација за финансирање од Развојна Банка на РСМ, Фонд за Иновации и Технолошки Развој, програми за поддршка на Министерство за Економија и финансиски анализи за поддршка на тековните и нови профитабилни активности преку достапни финансиски инструменти и справување со вонредната економска ситуација.

    Изработка на типски проекти по финансиски програми и индустрии кои се погодни за аплицирање на достапни финансиски програми:

    - Прехранбена индустрија - индустриски објекти за преработка на земјоделски производи и прехранбени производи и производство во стакленици / оранжерии и сл.
    - Зелена енергија - градежни и електро-машинско монтажни работи на мали и средни хидроцентрали, пречистителни станици, соларни централи
    - Гасификација на реонски топлификациски системи - инсталирање на опрема за преточување на природен гас и инсталација за употреба на гас за индустриска, и домашна употреба и затоплување.
    - Енергетска ефикасност и одржлив развој - нови индустриски капацитети за производи и услуги кои поддржуваат одржлив развој и заштеда на енергија, реконструкција на објекти и имплементирање енерегетски ефикасна технологија за греење и/или климатизација за:
    * Деловни административни и услужни објекти - магацини за прехранбени производи, административни објекти, трговски центри, хотелски комплекси
    * Административни објекти на локална самоуправа и државни институции, вклучувајчи училишта, градинки, спортски сали, здравтвени објекти и сл.

10/03/2020
To event remaining 1 day
Add to Calendar