ФИНАНСИРАЊЕ ОДРЖЛИВИ ПРОЕКТИ

Инвестициски Анализи во Excel

Ве повикуваме за учество на работилница и менаџмент сесија: „Финансирање Одржливи Проекти„ на 23 Март 2019 год. Работилницата под менторство на Г-н Владимир Матевски - раководител на „Центар за финансирање и менторска поддршка„ ќе се фокусира на анализа на економската ефикасност на проектите:

Основни финансиски поими
• Чинење / листа на трошоци за инвестициски проекти
• Пресметување камата, капитални трошоци, пресметка на ануитет
• Цени на ефикасноста, цени на работењето
• Трошоци поврзани со потрошувачката
• Трошоци поврзани со работата
• Трошоци за одржување
• Трошоци за вработените

Статус кво анализа
• Пресметка на специфичните трошоци за проект
 Компоненти на фиксната цена
 Компонентни на варијабилните трошоци

Опции за оптимизација
• Компаративна анализа на ефикасност на трошоците
• Пресметка на периодите на амортизација

Евалуација на резултатите од студијата на случај:
• Вкупен потенцијал за заштеда
• Ефикасност на трошоците, период на амортизација
• Анализа на сензитивноста

Настанот „Финансирање Одржливи Проекти„ е воедно координација на членките на Национален Конзорциум за Одржлива Енергетика и Инфраструктура / Sustainable Energy and Infrastructure Consortium (SEI Consortium) за престојните презентации на проекти на инвестициски форуми на:

- EBRD Форум - презентација на проекти во јавната администрација погодни за ESCO финансирање и програми со повраток од заштедите

- Италијанско-Македонски Форум - во координација со ITA (italian Trade Agency) презентација на проекти и потенцијали за соработка на јавниот и приватниот сектор со Италијански компании и институции за:
* енергетика,
*инфраструктура
*животна средина
Иницијативи и предлози за програмата на Италијанскиот Форум сите заинтересирани можат да ги предложат преку Adriatic Business Club и линкот
http://www.sbch.org.mk/platformi/%D0%B0%D0%B4%D1%80%D0%B8%D0%B0%D1%82%D0...

- Германски Технички Клуб (ГТК) - фокусиран на приоритетни извозни производни и услужни индустрии/дејности:
* металопреработувачка индустрија
* прехранбена индустрија
* информатика
Програма на Германски Технички Клуб (ГТК) на линкот: http://www.sbch.org.mk/platformi/%D0%B3%D0%B5%D1%80%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D1...

Соработката со Националниот конзорциум заинтересираните можат да ја остварат како Оснивачки членови (партнери и изведувачи) или како соработници (подизведувачи)- http://www.sbch.org.mk/platformi/sei-consortium

-----------------------------------------------------------------------------

„Центарот за финансирање и менторска поддршка„ при Комора на мал бизнис на Македонија континуирано систематски ги следи достапните финансиски програми на: Македонска Банка за Поддршка на Развојот (МБПР), Европската Банка за Обнова и Развој (EBRD), IPA фондови (local, regional, cross-border), IPARD програмата за поддршка на руралниот развој во Македонија, Interreg V,(transnational Balkan-Mediterranean Programme, interregional), Horizon 2020 инструментите за Мали Средни претпријатија број 9 и 11, Отворен фонд за југоисточна Европа за енергетска ефикасност на ГИЗ Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) GmbH, фондови поврзани со т.н. Берлински Процес за WB6 земјите на Западен Балкан, Инвестициски Фонд Meta Group, Energieinstitut der Wirtschaft GmbH, CMSR Center for international cooperation and development, Фондот за иновации и технолошки развој, Комерцијалните банки итн. „Центар за финансирање и менторска поддршка„ линк http://www.sbch.org.mk/programi/%D1%86%D0%B5%D0%BD%D1%82%D0%B0%D1%80-%D0...

-------------------------------------------------------------------------------

Настанот е отворен за сите заинтересирани учесници и поддржува вмрежување и остварување меѓусебни деловни контакти. Пријавување учество семинарот Финансирање Одржливи Проекти на 23 Март 2018 г. се врши со пополнување на пријавата дадена во прилог која ќе ја доставите на е-маил: info@sbch.org.mk контакт-телефон: (02) 2448-077 и 070 223 686 Котизацијата за учество е со 20% попуст за Standard и Premium членови на Комората на Мал Бизнис.

КОТИЗАЦИЈА: 3.900,00ден.

  1. Сабота, Март 23, 2019

    Согласно потребите на Македонија за локален и регионален развој и приоритетите на меѓународните финансиски организации и програмите на ЕУ за поддршка на земјите на Западен Балкан вклучувајќи го т.н. Берлински Процес во групациите на Комората на Мал Бизнис на Македонија со поддршка од Центарот за финансирање и менторска поддршка се изработени типски проекти по финансиски програми и индустрии кои се погодни за аплицирање на достапни финансиски програми:

    - Прехранбена индсутрија - индустриски објекти за преработка на земјоделски производи и прехранбени производи и производство во стакленици / оранжерии и сл.
    - Зелена енергија - градежни и електро-машинско монтажни работи на мали и средни хидроцентрали, пречистителни станици, соларни централи
    - Гасификација на реонски топлификациски системи - инсталирање на опрема за преточување на природен гас и инсталација за употреба на гас за индустриска, и домашна употреба и затоплување.
    - Енергетска ефикасност и одржлив развој - нови индустриски капацитети за производи и услуги кои поддржуваат одржлив развој и заштеда на енергија, реконструкција на објекти и имплементирање енерегетски ефикасна технологија за греење и/или климатизација за:
    * Деловни административни и услужни објекти - магацини за прехранбени производи, административни објекти, трговски центри, хотелски комплекси
    * Административни објекти на локална самоуправа и државни институции, вклучувајчи училишта, градинки, спортски сали, здравтвени објекти и сл.