ZERO Carbon City проекти

Зелени објекти, SMART oсветлување (надворешно улично и внатрешно) и електрични постројки

Приоритетни проекти согласно барањата на финансиските организации, донатори и ЕУ Декларациите пренесени во Законите за енергетика и енергетска ефикасност при реконструкција на објектите на локалната самоуправа и јавна администрација во „Одржливи Енергетски Објекти„ независни од фосилните горива и надворешно електрично напојување , минимални енергетски загуби и без емисија на CO2 (carbon free). Со реализација на проектите во урбаните општини на РСМ ќе се остварат првите чекори кон реализација на моделот на ZERO Carbon City - урбани средини со оптимални услови за живеење на граѓаните и без негативно влијание на животната средина.

Организаторот - Стопанската Комора на Мал Бизнис на Македонија, Центарот за финансирање и менторска поддршка и Здружението на енергетски менаџери „ЕУРЕМ МК“ Ве повикуваат да присуствувате на претстојната работилница за Проектирање зелени (одржливи енергетски објекти) објекти, SMART oсветлување (надворешно улично и внатрешно) и електрични постројки , која ќе се организира на 25 Јануари 2020 г.

Во „Одржливите Енергетски Објекти „ зависно од резултатите на енергетската контрола/аудит изработена од овластен енергетски менаџер во предлог проектот / елаборат за енергетски ефикасна реконструкцијата може да биде предвидена следната технологија:

· геотермална топлотна пумпа , систем за греење и ладење

· соларен термален систем составен од соларни колектори и бафер кој ја чува топлата вода

· контролиран механички систем за вентилација

· системи за соларно засенчување

· соларни панели за производство на електрична енергија за сопствени потреби на објектот

КЛИМАТСКИ АКЦИОНЕН ПЛАН

Климатски Акционен План е специфична стратегија на заедницата за борба против климатските промени и елиминирање на емисиите на фосилни горива - главната причина за глобалното затоплување.
Стратегиите на општините за намалување на загадувањето од емисиите на фосилни горива најчесто вклучуваат зголемување на производство на обновлива енергија (Соларна-фотоволтаици или Био-гас); мерки за енергетска ефикасност во деловни и станбени згради; замена фосилни горива како гориво во јавниот транспорт и транзиција кон електрифициран транспорт (на пр. електрични возила, автобуси напојувани со електрични батерии или електрични шински возила); Smart Lighting платформа и создавање на повеќе слободни и безбедни површини за пешачење и транспорт со велосипед.

Секоја Smart Lighting платформа опфаќа енергетски ефикасни светилки, но и автоматска контрола која прави прилагодувања на осветлувањето зависно од потребите или дневната светлина. Моделите за заштеда на електрична енергија кај јавното и индустриското осветлување ќе придонесат за намалување на потрошувачката на електрична енергија бидејќи 19% од енергијата во светот се троши за осветлување.

ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИТЕ

За оценување на мерките во однос на нивната техничка ефикасност, еколошките ефекти и, во исто време, економичното користење на енергијата, треба да се изврши економска анализа на проектите со цел да се утврдат комерцијално економските предности кои ќе придонесат до позитивна одлука на финансиската организација,донатор или инвеститор. Изработка на Климатски Акционен План што ќе им овозможи на претприемачите и на општините пристап до финансирање од достапните извори на зелен капитал и да привлечат алтернативни зелени инвеститори кои во моментов не се доволно присутни на финансискиот пазар.

Со програмите на EBRD може да се поддржат проекти со донација од 50% од вредноста на проектот (донацијата е лимитирана на max.10.000 EUR)
Со програмите на Развојна Банка на РСМ (МБПР) директно се поддржуваат проектите финансирани од IPA фондовите, проекти од агробизнисот и проекти за енергетска ефикасност.
Со програмата на Adria Finance HUB се поддржува изработката на проектна документација и финансирање на проектите со ESCO методот
Со Програмата Енергетска ефикасност во јавниот сектор на Светска Банка се поддржуваат проекти со донација 20% и поволни кредитни услови
Со грантова шема на ЕУ Делегација поддршка на проекти 30% грант

Здружение за енергетска ефикасност „ЕУРЕМ МК“
Стопанска Комора на Мал Бизнис
бул.Јане Сандански 113
1000 Скопје
тел. (02) 244 8077
info@sbch.org.mk
www.sbch.org.mk

------------------------------------------------------------------------

Настанот е отворен за сите заинтересирани учесници од деловниот сектор, јавните институции и организации и поддржува вмрежување и остварување меѓусебни деловни контакти. Ве молиме да го пријавите Вашето присуство со пополнување на пријавата на линкот https://www.sbch.org.mk/sites/default/files/Prijava%20-Seminar%20ZERO%20carbon%20City%20-%2025%20januari%202020.doc или банерот „СНИМИ ПРИЛОГ„ , која ќе ја доставите на e-mail info@sbch.org.mk Инфорамции на тел. 070 223 686. Учесниците кои сакаат да учествуваат со промоција на услуги и производи во контекст на темата треба навремено да се пријават - дополнителни консултациии со Слободан Софески тел. 070 271 901

КОТИЗАЦИЈА: 6.150,00ден.

  1. Сабота, Јануари 25, 2020

    АГЕНДА

    Структурни аспекти за Енергетска ефикасност во градежни објекти

    Структурни основи
    - Структурни параметри-
    Топлински капацитет и специфичен топлински капацитет на материјалите,
    Топлински биланс,
    Размена на топлината,
    Конверзија на енергијата

    Механизми за пренос на топлина -
    Проток на топлина низ градежните компоненти
    Термичка изолација -
    Изолациски својства на градежните материјали
    Неоргански изолациски материјали
    Органски изолациски материјали

    SMART GRID - дигитализација на електрична мрежа и електроенергетски систем

    Smart Lighting оптимизациja и IoT управување со внатрешно, надворешно и улично осветлување
    - Основни фотометриски параметри
    - Димензионирање на системите за осветлување според лумен методот

    Оптимизација на електрични постројки и инсталации
    - видови на електрични мотори и нивни области на примена
    - kонтрола на брзина на мотори (фрекфентен конвертор) - пумпи, вентилатори, мотори
    - kалкулација на енергетски заштеди, оптимизација на системот