СИСТЕМИ ЗА ЛАДЕЊЕ

Фрижидери и ладилни комори

Организаторот - Стопанската Комора на Мал Бизнис на Македонија и Здружението за енергетска ефикасност „ЕУРЕМ МК“, Ве повикуваат да присуствувате на претстојниот семинар Ладење - Фрижидери и Ладилни Комори, кој ќе се организира на 17 Февруари 2018 година.

Со програмите на EBRD може да се поддржат проекти со донација од 50-70% од вредноста на проектот (донацијата е лимитирана на max.10.000 EUR)
Со програмите на МБПР директно се поддржуваат проектите финансирани од IPA фондовите, проекти од агробизнисот и проекти за енергетска ефикасност.
Со програмата на Swiss Contact се поддржува изработката на проектна документација и финансирање на проектите со ESCO методот

Националниот конзорциум за енергетска ефикасност и одржлив развој и Здружението за енергетска ефикасност „ЕУРЕМ МК“ се групации во Стопанската Комора на Мал Бизнис на Македонија кои поддржуваат изработка на технички проекти, во соработка со „Центарот за финансирање и менторство„ се изработуваат финансиски анализи и ревизии на техничките проекти погодни за финансирање од партнерските финансиски организации и фондови.

------------------------------------------------------------------------

Отворен настан Настанот е отворен за сите заинтересирани учесници и поддржува вмрежување и остварување меѓусебни деловни контакти. Ве молиме да го пријавите Вашето присуство со пополнување на пријавата на линкот „СНИМИ ПРИЛОГ„ , која ќе ја доставите на e-mail info@sbch.org.mk или пријавување on-line на линкот „Пријави се„. Учесниците кои сакаат да учествуваат со промоција на услуги и производи во контекст на темата треба навремено да се пријават - дополнителни консултациии со Слободан Софески тел. 070 271 901

КОТИЗАЦИЈА: 6.150,00ден.

  1. Сабота, Февруари 17, 2018

    Системи за ладење, потрошувачка на електрична енергија на системите за ладење, споредба на компресиони и апсорпциони машини за ладење

    Системи за обновување на топлина (парни ејектори,steam jets), оптимизација на системите за ладење - компненти и нивно влијание на COP, оптимизација на мрежата за ладење, чување на студ, методи за пресметка на инвестициските трошоци се темите кои ќе се презентираат.

    АГЕНДА

    - Системи за ладење,
    - Потрошувачка на електрична енергија на системите за ладење,
    - Споредба на компресиони и апсорпциони машини за ладење,
    - Системи за обновување на топлина (парни ејектори,steam jets),
    - Оптимизација на системите за ладење - компненти и нивно влијание на COP,
    - Оптимизација на мрежата за ладење, чување на студ,
    - Методи за пресметка на инвестициските трошоци