Вентилација и Климатизација

ПОКРОВИТЕЛИ НА НАСТАН

ОРГАНИЗАТОРИ НА НАСТАН

Хигиенска заштита, оптимизација и енергетска ефикасност

Во моментов нема докази за инфекција со луѓе со SARS-CoV-2 предизвикана од дистрибуирани заразни аеросоли преку каналите на системот за вентилација на системи за климатизација и вентилација - HVAC. Добро одржуваните HVAC системи, вклучително и единиците за климатизација, безбедно ги филтрираат големите капки кои содржат SARS-CoV-2. Можно е COVID-19 аеросоли (мали капки и капки јадра) да се шират низ HVAC
системи во зграда или возило и самостојни единици за климатизација ако воздухот е рециркулиран, но оваа веројатност може да се елиминира со употреба на HEPA филтер H13 [DIN EN].
Повеќе во извештајот на European Centre for Disease Prevention and Control од 22.06.2020 г. на линкот >>> https://www.ecdc.europa.eu/sites/default/files/documents/Ventilation-in-...

Проектите за оптимизација, мерки за заштеда и енергетска ефикасност на системите за климатизација во деловниот и резиденцијалниот сектор се еден од приоритетите за поддршка од финасиските институции во земјите на Западен Балкан. Подготовката на релевантни технички проекти придружени со соодветна методологија за економска анализа на финансирањето е услов за пристап до соодветните фондови.

Организаторот - Стопанската Комора на Мал Бизнис на Македонија и Здружението за енергетска ефикасност „ЕУРЕМ МК“, Ве повикуваат да присуствувате на претстојниот семинар Вентилација и климатизација - Оптимизација, мерки за хигиенска заштита и енергетска ефикасност, кој ќе се организира на 8 август 2020 година.

--------------------------------------------------------------------------------------------------

Настанот е отворен за сите заинтересирани учесници и поддржува вмрежување и остварување меѓусебни деловни контакти. Ве молиме да го пријавите Вашето присуство со пополнување на пријавата дадена на линот https://www.sbch.org.mk/sites/default/files/Prijava%20-%20Klimatizacija%20i%20ventilacija.doc или банерот „СНИМИ ПРИЛОГ„, која ќе ја доставите на на e-mail info@sbch.org.mk Предавањето е планирано да се реализира on-line преку Skype платформата. ------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------ контакт-телефон: (02) 2448-077 и 070 223 686 Котизацијата за учество е со 20% попуст за Standard и Premium членови на Комората на Мал Бизнис. ------------------------------------------------------------------------------------------------ Здружение за енергетска ефикасност „ЕУРЕМ МК“ Стопанска Комора на Мал Бизнис бул.Јане Сандански 113 1000 Скопје тел. (02) 244 8077, 070 223 686 info@sbch.org.mk www.sbch.org.mk

КОТИЗАЦИЈА: 6.150,00ден.

  1. Сабота, Август 8, 2020

    Теми кои ќе се обработат на семинарот

    - Оптимизација на компоненти на систем за климатизација:
    - Разменувач на топлина
    - Овлажнувач
    - Миксер
    - Вентилатори
    - Загуба на притисок
    - Оптимизација на проток
    - Оптимизација и мерки за заштеда - топлинска изолација
    - засенчување
    - барање поврзани со вентилација
    - потрошувачка на енергија како внатрешно оптоварување
    - Оптимизација на дистрибуција: топлинска изолација, кондензација, губење на притисокот, потрошувачка на енергија
    - Нови трендови – пасивни куќи, топлотни пумпи итн

08/08/2020
To event remaining 1 day
Add to Calendar