Деловни односи на човечки ресурси

ПОКРОВИТЕЛИ НА НАСТАН

ОРГАНИЗАТОРИ НА НАСТАН

Кадровска HR администрација

Целта на семинарот е управување со деловните односи на човечките ресурси од раководителите, особено менаџерите за човечки ресурси и вработените во кадровската служба, проектните менаџери, како и соодветниот персонал да се запознаат со правата, обврските и одговорностите на работникот и работодавецот од работниот однос што ќе им помогне на учесниците:

- да се заштитат од скапи трошоци за спорови со надлежните служби и институции
- да го подобрат развојот на човечките ресурси
- да го спречат нарушувањето на деловните односи со работниците

Практична примена на прописите од сферата на работните односи, општи и правни работи, организација на човечки ресурси придонесува за подигање на професионалната компетенција на одговорните за кадровска и HR административна организација.

Со завршување на семинарот кандидатите ќе научат:

- кои се условите и начините на засновање работен однос
- како се заснова работен однос на неопределено и на определено работно време
- кои се начините на распоредување на работници и приправници
- како се дефинира работното време, одморите и отсуствата на работниците, платата и надоместоците за плата
- како се регулира престанокот на работниот однос по спогодба, престанокот на работниот однос заснован на определено време, престанокот на работниот однос по сила на закон, престанокот на работниот однос со отказ
- пријава и одјава на работници - пријавување социјално осигурување (М1), одјавување социјално осигурување (М2) , договори за вработување М1/М2,
- како се планира и организира заштитата при работа
- кои се мерките за безбедност и здравје при работа, обврските на работодавачот (проценка на ризик, изјава за безбедност, лиценца за стручни лица, овластена здравствена установа) и правата и обврските на вработените

-------------------------------------------------------------------

Семинарот ќе се одржи во шест предавања (вторник) од 17.30 - 19.30 часот, во Скопје. Пријавување учество на линкот „ПРИЈАВИ СЕ„ или пријавата дадена на „СНИМИ ПРИЛОГ„ ќе ja доставите на е-маил: info@sbch.org.mk контакт-телефон: (02) 2448-077. Котизацијата за учество е со 10% попуст за два и повеќе пријавени од иста организација, и можност за плаќање на 2 месечни рати.

КОТИЗАЦИЈА: 5.900,00ден.

  1. Вторник, Февруари 26, 2019

    Администрација на човечки ресурси

    месечна пресметка на плата: основна плата, пресметка од бруто кон нето и од нето кон бруто, боледување, надоместоци на трошоци поврзани со работа(дневници за службени патувања, користење на сопствено возило за службени потреби) , пријава и одјава на работници - пријавување социјално осигурување (М1), одјавување социјално осигурување (М2) , договори за вработување М1/М2,

    Трудово право

    - остварување на правата, обврските и одговорностите на работникот и работодавецот од работниот однос
    - засновање работен однос
    - колективни договори
    - материјална одговорност
    - престанок на работниот однос
    - заштита на правата на работниците
    - инспекциски надзор од областа на работните односи

    Заштита при работа и безбедност и здравје при работа

    - мерки за заштита при работа
    - прописи за безбедност и здравје при работа
    - обврски на работодавецот, права и обврски на работниците
    - претставник за заштита при работа, инспекциски надзор
    - овластувања за проценка на ризик, тестирање и контрола на работната опрема.

02/26/2019
To event remaining 1 day
Add to Calendar