Управување со работните односи на HR

ПОКРОВИТЕЛИ НА НАСТАН

ОРГАНИЗАТОРИ НА НАСТАН

Права и обврски на човечките ресурси

Целта на семинарот за Управување со работните односи на човечките ресурси е менаџерите и раководителите, особено менаџерите за човечки ресурси и вработените во кадровската служба, проектните менаџери, како и соодветниот персонал, да се запознаат со правата, обврските и одговорностите на работникот и работодавецот од работниот однос што ќе им помогне на учесниците:

- да се заштитат од скапи трошоци за спорови со надлежните служби и институции
- да го подобрат развојот на човечките ресурси
- да го спречат нарушувањето на односите со синдикатот на работниците

Често пати работодавачите веруваат дека без организиран синдикат на работниците не треба да се грижат за реализација на нормите на трудовото право и заштитата при работа. Но, заради успешно воспоставување на политиките за раководење со човечките ресурси, врвниот менаџмент и одговорниот менаџмент за човечки ресурси во организациите потребно е да ги знае и да ги применува законите кои го дефинираат трудовото право, заштита при работа на работниците и законот за здравје и безбедност при работа.

Со завршување на семинарот кандидатите ќе научат:

- кои се условите и начините на засновање работен однос
- како се заснова работен однос на неопределено и на определено работно време
- кои се начините на распоредување на работници и приправници
- како се дефинира работното време, одморите и отсуствата на работниците, платата и надоместоците за плата
- како се регулира престанокот на работниот однос по спогодба, престанокот на работниот однос заснован на определено време, престанокот на работниот однос по сила на закон, престанокот на работниот однос со отказ
- како се планира и организира заштитата при работа
- како се спроведува обучувањето и оспособувањето на работниците за безбедна работа
- како се води евиденција во областа на заштитата при работа
- како се спроведува посебната заштита на жената, младината и инвалидните работници
- кои се посебните обврски на работодавецот
- кои се мерките за безбедност и здравје при работа, обврските на работодавачот (проценка на ризик, изјава за безбедност, лиценца за стручни лица, овластена здравствена установа) и правата и обврските на вработените
надзор врз спроведување и посредување на законот за безбедност и здравје при работа

-------------------------------------------------------------------

Семинарот ќе се одржи во четири предавања (вторник) од 17.30 - 19.30 часот, во Скопје. Пријавување учество на линкот „ПРИЈАВИ СЕ„ или пријавата дадена на „СНИМИ ПРИЛОГ„ ќе ja доставите на е-маил: info@sbch.org.mk контакт-телефон: (02) 2448-077. Котизацијата за учество е со 10% попуст за два и повеќе пријавени од иста организација, и можност за плаќање на 2 месечни рати.

КОТИЗАЦИЈА: 4.500,00ден.

  1. Вторник, Октомври 16, 2018

    Семинарот ќе се фокусира на следните теми:

    Трудово право

    - остварување на правата, обврските и одговорностите на работникот и работодавецот од работниот однос
    - засновање работен однос
    - права на работниците и нивна положба
    - синдикати и работодавци
    - колективни договори
    - материјална одговорност
    - престанок на работниот однос
    - заштита на правата на работниците
    - инспекциски надзор од областа на работните односи

    Заштита при работа

    - мерки за заштита при работа
    - обврски на работодавецот
    - права и обврски на работниците
    - претставник за заштита при работа
    - инспекциски надзор

    Закон за безбедност и здравје при работа

    - Прописи за безбедност и здравје при работа
    - Партнери при спроведување на работната безбедност и здравје
    - Обврски на работодавачот
    - Овластувања за проценка на ризик, тестирање и контрола на работната опрема, концепт за изјава за безбедност, изработка и споведување на програми за обука на вработените за безбедно извршување на работата, периодични мерења на хемиски, физички и биолошки штетности и микроклиматски услови во работната
    средина
    - Надзор врз спроведувањето и посредување на законот за
    безбедност и здравје при работа
    - Евиденција и извештаи
    - Права и обврски на вработените