Управување со енергетски одржливи проекти

ПОКРОВИТЕЛИ НА НАСТАН

ОРГАНИЗАТОРИ НА НАСТАН

Патот од првата идеја за проект до успешна имплементација

Менаџерот на енергија (Енергетски Менаџер) е одговорен за управувањето со енергијата во компанијата.

Управувањето со енергијата вклучува збир на сите мерки кои се планираат и спроведуваат за да се обезбедат потребните перформанси со минимална употреба на енергија. Управувањето со енергијата има влијание врз организациските и техничките процеси и начинот на работа, оперативната потрошувачка на енергија и потрошувачката на основните материјали и адитиви како и врз постојаното подобрување на енергетската ефикасност во рамките на компанијата.

Семинарот „Управување со енергетски одржливи проекти„ ќе го реализира Г-ѓа Анета Тодоровска Бендик. Семинарот е дел од EUREM сертифицираната програма. Меѓународниот сертификат за EUREM - European Energy Manager на учесниците на комплетната обуката од Македонија го издава Стопанската Комора на Нирнберг - Германија. Сертифицирани енергетски менаџери се услов и за учество на претпријатијата и институциите во проекти со компоненти на енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија , а се финансирани од фондовите на ЕУ.

КОЈ МОЖЕ да пријави учество ?

Обуката е отворена за сите заинтересирани учесници и поддржува вмрежување и остварување деловни контакти. Можат да пријават поединци (приватни лица) и регистрирани стопански субјекти - претпријатија, институции, установи и организации во приватна и државна сопственост. EUREM - European Energy Manager е меѓународно сертифицирана тренинг програма која се состои од курсеви, самостојно учење и практична работа, во комбинација со пристап до Европската мрежа на алумни за континуирана размена на знаења.

Националните тергети за енергетска ефикасност се однесуваат на проекти во објектите на државните институции и административни и индустриски објекти на претпријатијата за:

• Мерењето на потрошувачката на електрична енергија, природен гас, централно греење/ладење и системи за достава на топла вода
• Информативен систем за потрошувачката на енергијата
• Проекти за енергетска ефикасност за греење. ладење и климатизирање на објектите
• Проекти за енергетска ефикасност во трансформација, пренос и дистрибуција на енергијата вклучувајќи и проекти за производство од обновливи извори на енергија: мали хидроцентрали, соларни панели, когенеративни системи, геотермални топлотни пумпи, пелети (производство) итн.

Програмата ќе се реализира како едно-дневен семинар од 10.00-15.00 часот, во Скопје.

------------------------------------------------------------------------------------------

Настанот е отворен за сите заинтересирани учесници и поддржува вмрежување и остварување меѓусебни деловни контакти. Ве молиме да го пријавите Вашето присуство on-line на линкот „Пријави се„ или со пополнување на пријавата дадена на линот „СНИМИ ПРИЛОГ„, која ќе ја доставите на e-mail info@sbch.org.mk контакт-телефон: (02) 2448-077 и 070/223 686 Котизацијата за учество е со 20% попуст за Standard и Premium членови на Комората на Мал Бизнис. Стопанска Комора на Мал Бизнис бул.Јане Сандански 113 1000 Скопје тел. (02) 244 8077, 070 223 686 info@sbch.org.mk www.sbch.org.mk

КОТИЗАЦИЈА: 3.850,00ден.

  1. Сабота, Април 6, 2019

    Семинарот ќе се фокусира на следните теми:

    • Избор на тема за проектот
    • Истражување на статус кво
    • Мерење и анализа EDM - Energy Data Management
    • Развој и пресметка на енергетски оптимално решение
    • Споредба на ефикасноста на цената
    • Финансирање - избор на модел: кредит-субвенција, Energy Performance Contracting, ESCO
    • Изготвување на презентација за управување
    • Распоред на реализација на проектот - стартување,планирање,распоред и спецификација,контрола и надзор,завршување
    • Управување и контрола на трошоците
    • Евалуација и оценка на перформансите

04/06/2019
To event remaining 13 days
Add to Calendar