Деловен Администратор

ПОКРОВИТЕЛИ НА НАСТАН

ОРГАНИЗАТОРИ НА НАСТАН

Правно-финансиска и HR обука

Семинарот за Деловен Администратор има цел на учесниците да им се потенцира значењето и функциите на надгледување на процесите во организацијата, координација со менаџментот, извршување на административни задачи вклучувајќи финансиски процедури и управувањето со човечки ресурси, со цел да им се зголеми самодовербата и вештините потребни за нивно успешно менаџирање.

Програмата на семинарот е подготвена за учество на одговорни лица за управување со канцеларии во мали и средни претпријатија, деловни асистенти или одговорни за координирање на човечки ресурси, во поголеми организации и компании.

Семинарот „Деловен Администратор„ од 29 Мај 2018 г. се реализира во два дела/модули:

1. Деловна организација и финансии – инструктор: Ирена Крстевска

2. Управување со работните односи на HR – инструктор: Арсе Петрески

КОЈ МОЖЕ да пријави учество ?

Настанот е отворен за сите заинтересирани учесници и поддржува вмрежување и остварување деловни контакти. Можат да пријават регистрирани стопански субјекти - претпријатија, институции, установи и организации во приватна и државна сопственост но и приватни лица. Менаџмент Клуб КМБ е отворена платформа за размена на деловно искуство и воспоставена пракса на компаниите и организациите.

Ефектите од семинарот за учесниците во нивните матични претпријатија и организации ќе се манифестира со:

- зголемена мотивација на вработените

- зголемена посветеност во реализирањето на работните обврски

- поголема координација со менаџментот и ефикасност на администрацијата

- подобро управување со службениците и административниот персонал

- ефективна контрола и идентификација на застојот во извршување на работата кај вработените

Програмата ќе се реализира во два модула: 4 предавања, вторник 18.30 часот по 120 мин и едно целодневно предавање во сабота од 10.00-16.00 часот, во Скопје.

Пријавување учество на семинарот на линкот „ПРИЈАВИ СЕ„ или пријавата дадена на „СНИМИ ПРИЛОГ„ ќе ja доставите на е-маил: info@sbch.org.mk контакт-телефон: (02) 2448-077. Котизацијата за учество е со 10% попуст за физички лица 20% попуст за Standard и Premium членови на Комората на Мал Бизнис и можност за плаќање на 3 месечни рати.

КОТИЗАЦИЈА: 7.800,00ден.

  1. Вторник, Мај 29, 2018

    Семинарот ќе се фокусира на следните теми:

    1. Деловна организација и финансии

    - Администрација на човечки реурси

    - Контрола и комплетирање на сметководствена документација

    - Изготвување на основни финансиски документи

    - Општа правна документација

    2. Управување со работните односи на HR

    - Остварување на правата, обврските и одговорностите на работникот и работодавецот од работниот однос

    - Засновање работен однос, престанок на работниот однос

    - Права на работниците и нивна положба

    - Инспекциски надзор од областа на работните односи

05/29/2018
To event remaining 1 day
Add to Calendar