Акционен План на Германски Технички Клуб

Со менаџмент сесијата на Германскиот Технички Клуб 31 Март 2017 е заокружен циклусот на консултации со заинтересираните членки на Комората со стратешките партнери Индустриската Стопанска Комора на Нинберг, Германија, EUREM Consortium, Германија, Meta Group, Италија, Институт Јозеф Стефан - Центар за Енергетска Ефикасност, Љубљана, Словенија; Енергетски Бизнис Институт, Виена, Австрија и подготвен е Акционен План на Германскиот Технички Клуб фокусиран на приоритетни извозни производни и услужни индустрии/дејности:

* металопреработувачка индустрија
* прехранбена индустрија
* информатика
* проектирање и инжинеринг - градежни проекти, индустриски процеси, автоматизација, енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

Согласно Акциониот План Планиран е настап на Бизнис Форумот на предстојниот годишен Самит на Берлинскиот Процес во Трст, Италија на 12 Јули 2017 год. со предлог проекти во областа на обновливи извори на енергија - природен гас и хидро-енергија. Најавена е конкретна соработка за инвестирање на Инвестициската група Meta Group во информатички проекти наменети за Германскиот пазар. Во подготовка е проектна апликација со партнери од Германија, Црна Гора и Албанија за регионален проект поддржан од Отворен фонд за југоисточна Европа за енергетска ефикасност на ГИЗ Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) GmbH. Планирано е во наредниот период да се реализираат серија на менаџмент тематски сесии по приоритетни индустрии на Германскиот Технички Клуб и по типизирани проекти - информирање на партнерите за реализација на конкретни предлог проекти. Зголемување на капацитетите за изработка и менаџирање на проектите од обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност е планирано со реализација на нов циклус од обуката за Европски Енергетски Менаџери и подготвока на апликации во есенските повици на Horizon 2020 инструментите за Мали Средни претпријатија број 9 и 11:
- Stimulating the innovation potential of SMEs for a low carbon and efficient energy system
- Boosting the potential of small businesses in the areas of climate action, environment, resource efficiency and raw materials