Развој на нови пазари: Италија, Шведска - Промоција и попуст за упис на Академија за извоз

CIT GLOBAL CLUB

Комората и CIT (Council for International Trade) работат со членовите на асоцијацијата на извозници CIT GLOBAL CLUB за да им помогнат да отворат нови пазари, да ги разберат и да се прилагодат на техничките бариери во трговијата, да генерираат нова продажби и да обезбедуваат пристап до нови платформи за едукација и вмрежување.

Ги повикуваме членките CIT GLOBAL CLUB за учество на настанот Doing Business with the Nordics: Opportunities for Macedonian Producers во организација на Шведско-Македонската Стопанска Комора на 13 Март 2026 во Скопје.

Заинтересираните членки за соработка со италијанската индустриска асоцијација Confindustria за воспоставување на инвестициска и комерцијална соработка со Италијански компании и финансиски институции ги повикуваме да испратата one-pager info за предложената соработка на info@sbch.org.mk

THE NEXT GENERATION LEADERS

Комората во соработка со Матрона Консалтинг, нуди поддршка на извозни активности и интернационализација со поттикнување на иновативен пристап на идно делување на бизнис ентитетите, обезбедување на know-how, информации и понуда на соодветна практика за настап на македонските компании на надворешен пазар, вклучувајќи едукација преку модулите во Академијата за Извоз.

Започнати се уписите на Академијата за извоз - Комерцијалист за меѓународна продажба >>> https://exportacademy.io/komercijalist-za-megjunarodna-prodazba/

За членките на Комората на Мал Бизнис е обезбеден попуст од 10% за упис на програмата. Во понудата се предвидени и корпоративни пакети за компании со повеќе учесници, за кои исто така е одобрен попуст од 10%.

Ве покануваме да бидете дел од промоцијата на Првата акредитирана Академија за извоз - во Виница, Струмица, Битола и Тетово.
Во рамки на промоциите ќе се одржи и тркалезна маса на тема: „Извозот денес - предизвици, искуства и нови перспективи“, каде ќе се отворат дискусии за актуелните состојби во извозот, реалните искуства од компаниите и можностите за раст и интернационализација.

Промоциајта во Виница ќе се одржи во вторник 10 Март 2026 година од 12.00-14.00 ч. во Прогресив Академија, Макпрогрес - Винчини, ул. Војдан Чернодрински бр.8, Виница

Настанот е бесплатен, но за подобра организација Ве замолуваме да го потврдите Вашето присуство на следниот линк >>> https://forms.gle/M78t7Cpf3vCyK3EE8

КОМОРА ЗА БИЗНИС И ПРЕТПРИЕМНИШТВО- мрежа за деловен успех
Business and Entrepreneurship Chamber - business success networking

Стопанска комора на мал бизнис
бул.Јане Сандански 113
1000 Скопје

тел. (02) 244 8077, 070 223 686
info@sbch.org.mk
www.sbch.org.mk