Извозна Академија и програми за развој на нови пазари - промоција на 19 Февруари 2026 г.

Со особено задоволство ги покануваме членките на Комората на 19 Февруари 2026 год, да учествуваат на промоцијата на Првата акредитирана Академија за извоз - Комерцијалист за меѓународна продажба, која воедно ќе вклучува и тркалезна маса на тема Извозот во 2026 - предизвици и решенија за македонските компании.

На настанот ќе учествуваат претставници од министерства и други владини институции, стопански комори и компании, со цел да се отвори практичен разговор за извозните процедури, предизвиците и потребните кадри за извозните компании. Воедно дел од предавачите на Академијата, истакнати практичари од извозно ориентирани компании и претставници од академската заедница ќе ја претстават програмата, нејзината содржина и структура, како и конкретните бенефити што Академијата ги нуди за учесниците и компаниите.

Актуелните нетарифни извозни бариери поврзани со количината на јаглероден отпечаток вграден во единица производ влијае на конкурентноста на извозните компании во однос на извештаите за: CBAM, ESG/ESRS, CSRD и други стандарди аа одржливост.

Валидни сертификати и анализи за наведените извештаи се можни со дигитлизација на процесите и стандардизирана евиденција на scope 1,2,3 на јагелродниот отпечаток.

Дигитализација на следливоста на јаглеродниот отпечаток во компаниите Комората обезбедува со експертиза на мрежа консултанти и ментори од домашни и странски компании , а со поддршка на следните проекти и програми WBCEH, UNIDO Fostering Industry 4.0, UNECE Circular and Green Economy Transition за поддршка во финансирање и развој на зелени и дигитални иновации. Наскоро ќе бидат достапни и програмите за ко-финансирање на ИНОВА - агенција за иновации, технолошки развој и претприемништво и Првата акредитирана Академија за извоз
https://www.sbch.org.mk/novosti/innova-edih-innofeit-unido-fostering-ind...

Пријавете се во програмата за поддршка на Комората на линкот >>> https://forms.gle/fhYjXFEqdJcHM75Z6

Пристапница во Комората на линкот >>> http://www.sbch.org.mk/sites/default/files/pristapnica_1.doc

КОМОРА ЗА БИЗНИС И ПРЕТПРИЕМНИШТВО - мрежа за деловен успех
Business and Entrepreneurship Chamber - business success networking

Стопанска комора на мал бизнис
бул.Јане Сандански 113
1000 Скопје

тел. (02) 244 8077, 070 223 686
info@sbch.org.mk
www.sbch.org.mk