Координација со канцеларијата на ITA (Italian Trade Agency)

На 2 Јануари 2018 делегација на Комората на Мал Бизнис одржа координативен состанок со Г-ѓа Деа Крстевска - Раководител на Центарот за поддршка во канцеларијата на ITA (Italian Trade Agency) во Скопје . Делегацијата на Комората ја водеше Г-ѓа Катерина Вељановска Блажевска - Претседател на Собранието на Комората, а на состанокот учествуваа и координаторите на ЕУРЕМ МК - Г-н Марјан Ненов и Г-н Едвард Софески и соработник за ICT технологии и проекти Г-ѓа Анета Тодоровска. На состанокот се потврди континураната соработка на Комората на Мал Бизнис со ICE - Italian Trade Commision во функција на Trade Promotion Office of the Italian Embassy и се договори соработка во ко-организацијата на два настани планирани во Македонија каде ќе гостуваат Италијански компании и организации за промоција на нови технологии во екологијата, ѓивотната средина, енергетската ефикасност и ESCO финансирање. Оперативен план за реализација се очекува да се постигне за време на претстојните координации на Adriatic Busines Club - повеќе ... http://www.sbch.org.mk/povici/%D1%80%D0%B0%D0%B1%D0%BE%D1%82%D0%B8%D0%BB...