Лидерски потенцијали и вештини

Г-ѓа Катерина Вељановска Блажевска, доктор на науки и експерт за јавни политики, професор на Факултет за безбедност, Претседател на собранието на Комората на Мал Бизнис во понеделник 18 Февруари 2019 год, од 17.30 часот ќе го започне семинарот „Лидерски потенцијали и вештини„.

Новата меѓународна позиција на Македонија е предизвик и можност за инзвонреден напредок и просперитет со ангажирање на максималните капацитети на нашето општество. Развојот на лидерските потенцијали во тимовите на организациите, институциите и компаниите ќе придонесат за промовирање на конкурентните проекти, концепти и идеи пред меѓународните партнери.

Почеток: 18 Февруари 2019 г. 17.30 часот

Семинарот за претстојна отворена група ќе се реализира со три предавања (понеделник) од 17.30 - 19.30 часот, во Скопје.
Програмата може да се реализира и како интерна обука - се реализира како еднодневна (сабота) тим билдинг програма или менторска програма со 3 сесии од 120 мин. во попладневни термини по договор. Програма на линкот: https://www.sbch.org.mk/content/%D0%BB%D0%B8%D0%B4%D0%B5%D1%80%D1%81%D0%...

Семинарот можат да ја следат претприемачи од мали и средни претпријатија, претставници на производни и трговски претпријатија, претставници на корпоративниот менаџмент, извршниот менаџмент и раководители на тимови на компании, јавни установи, финансиски и други видови организации но и приватни лица.