Македонски енергетски ден 2016

Комората на мал бизнис одржа годишно собрание. „Комората ќе работи на групирање на компании во групации, кластери и конзорциуми, во цел да се овозможи покредибилен настап на македонскиот пазар, но и на регионалниот и на европскиот пазар. Целта е полесно добивање грантови од европските фондови, односно полесно планирање на сопствената иднина“, изјави новоизбраниот претседател на Собранието на Комората, на доц. д-р Катерина Вељановска-Блажевска. Комората воведува и нов Центар за финансирање и менторска поддршка. Комората е мошне активна во посредување во бизнисот, со главно дејствување насочено во областа на енергетиката, со посебен акцент на програмите од областа на енергетската ефикасност. Проектот EUREM MK досега произведе 30-тина европски енергетски менаџери со меѓунроден сертификат.