ПОКАНА ЗА УЧЕСТВО ВО ПРОЕКТОТ SRIP - STRATEGIC DEVELOPMENT INNOVATION PARTNERSHIP - NETWORKS FOR THE TRANSITION TO A CIRCULAR ECONOMY

Кружната економија е одговор на сфаќањето дека постојаниот раст на економијата и потрошувачката го намалува обемот на природни ресурси, што води не само кон економски проблеми, туку и до потенцијална еколошка катастрофа. Затоа, од суштинско значење е да се елиминира концептот на отпад, да се обезбеди што е можно подолго период на циркулација на производи во употреба и да се обезбедат колку што е можно чисти и незагадени материјали со можност за повторна употреба.

Стопанската Комора на Мал Бизнис во соработка со Стопанската Комора на Штаерска која го води проектот SRIP во рамки на модулот за интернационализација на концептот за Кружна Економија, ќе реализира пилот проекти во деловни субјекти (приватни компании) и субјекти од јавниот сектор (јавни претпријатија, општини и региони) во Македонија.

Повикот за пријавување учество е даден на линкот: https://www.sbch.org.mk/povici/%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B...