Посета во Универзитет на Југоисточна Европа - Тетово

Во соработка со Универзитетот на Југоисточна Европа - Тетово - и по покана на Г-н Дарко Спировски - Раководител на Институтот за животна средина и здравје во рамките на Универзитетот, а воедно и предавач на ЕУРЕМ обуката, на 15 Февруари 2018 г. дел од учесниците на тековната ЕУРЕМ група реализираа посета на кампусот на УЈЕ со цел увид на вградена опрема: топлотни пумпи, соларни (термални и фотонапонски системи) , централен систем за вентилација со рекуперација, котел на гориво-биомаса, Систем за далечински менаџмент и мониторинг на еколошки параметри - опремата е поврзана со Модулите од ЕУРЕМ обуката: Соларна и геотермална енергија и Биомаса и биогас, Енергетски Менаџмент.