Посета на партнерот Ин Виво во Зелената Мрежа на Социјално Претприемништво

Во организација на „Комора на мал бизнис“ на 10 Јуни 2021 г. членовите на мрежата „Зелено социјално претприемништво“ ја посетија фармата за калифорниски црви и производство на биохумус на партнерската организација ИН ВИВО. Откако адекватно беа презентирани активностите на Ин Виво и ги истраживме потенцијалите за идна соработка со членовите на мрежата, претставници на Ин Виво со претставници на партнерската организација ЕКОВИТА од Неготино започнаа да ја истражуваат можноста за локално контролирано производство на буковка во услови на „ин виво“.

Организацијата ИН ВИВО започна со промоција на брендот GREEN VIVO, под кој што ќе се произведува и продава биохумус (отворена е Facebook страна https://www.facebook.com/greenvivomk , а купен е и домаинот www.greenvivo.mk)