Посета на соработниците во Битола 21 Јуни 2021 г.

Делегација на Комората на Мал Бизнис претставувана од Г-н Едвард Софески, Г-н Златко Пандовски - член на Управен Одбор на EUREM MK Alumni и Г-н Кирил Минанов - Претседател на организациајта Електромобилоност која е партнерска организација на Комората во Зелената Мрежа на Социјално Претприемништво на 21 Јуни 2021 остварија неколку состаноци и посети на соработници , компании и институции во Битола.

Состанокот со градоначалникот на Општина Новаци - Г-н Љубе Кузманоски заврши со поддршка за иницирање проект за производство на брикети од социјално претпријатие во општината - програма која ќе биде поддржана од Зелената Мрежа на Социјално Претприемништво.

На состанокот во Технички Факултет - Битола беше потпишан Меморандум за Соработка со Комората на Мал Бизнис. Деканот на Технички Факултет - Битола проф.др.Стојанче Нусев најави поддршка за проектни иницијативи на Комората за прекугранична научно-техничка соработка со партнери во Грција и Албанија. На состанокот се дискуитраше за иницијативата на Електромобилност за организирање конференција во Битола за промовирање на Електрификација на транспортот меѓу младите и јавноста.

Делегацијата ја посети фабриката Krombert & Schubert во ТИРЗ Жабени каде беше разговарано со техничкиот тим претставуван од повеќе инжинери задолжени за одржување и развојни проекти предводен од Г-н Богданчо Шулајковски. На состанокот се процени дека комуникацијата започната пред неколку години и капацитетот на EUREM MK Alumni се основа за остварување соработка преку формирање заеднички тимови за подготовка на развојни проект за фабриката.