Посета на INNOFEIT Centre of Excellence

Претставници на Стопанската Комора на Мал Бизнис на 12 Октомври 2018 одржаа состанок со проф. д-р. Димитар Ташковски - Декан на Факултетот на електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) и проф.д-р. Владимир Атансовски Директор на Центарот за технолошки трансфер и Иновации ИННОФЕИТ. На состанокот се разговараше за можностите на соработка и учество на членките на Комората во програмата на активности на ИННОФЕИТ наменети за поддршка на воведување нови технологии и иновации во македонското стопанство. Претставниците на Комората ги разгледаа и просторните и технички капацитети на ИННОФЕИТ, се дискутираше за организациската структура и можностите за заедничко имплементирање на проектни концепти со партнерите од интернационалните мрежи во кои учествува Комората. Комората на Мал Бизнис исто така ќе работи на промовирање на ИННОФЕИТ во деловната заедница во Македонија и регионално со партнерските организации и институции.