Прекугранична соработка со Агенција за Енергетска Ефикасност на Албанија

Г-ѓа Ентела Чипа - директорка на Агенцијата за Енергетска Ефикасност на Албанија на покана на Г-н Нехри Емрула - директор на Агенција за Енергетика на РСМ, а во организација на ЕУРЕМ партнерите во Албанија Г-н Hans Spernbauer и Македонија Г-н Едвард Софески , на 17 Мај 2019 г. реализираше посета на Министерствто за Економија на РСМ каде оствари работен состанок со Г-н Исмаил Љума - државен советник за енергетика, Г-ѓа Валентина Старделова - раководител на секторот за енергетика при Министерствто за ЕКономија и претставници на Агенцијата за енергетика. На состанокот се договори соработка со ЕУРЕМ Конзорциум за иницирање проект за прекугранична соработка и потпишивање Меморандум за Соработка на следниот состанок во Тирана, Албанија.

Делегацијата од Албанија оствари состаноци и со Г-н Димитар Малиновски во ЕУ Делегација, Г-н Беким Имери во канцеларијата на Светска Банка, Г-ѓа Ана Петровска - Државен Секретар на Министерство за животна средина и просторно планирање на РСМ, Г-н Мевлан Тахири и Г-н Марјан Ненов претставници на ЕУРЕМ МК при Комората на Мал Бизнис. Претставниците на двете меѓународни организации информираа за грантовите шеми и нивните регионални политики за поддршка на иницијативи за прекугранична и регионална соработка за промовирање и имплементирање на енергетската ефикасност и обновливи извори на енергија. Г-ѓа Ана Петровска во Министерствто за животна средина информираше за достапните фондови кои поддржуваат одржливи проектни иницијативи на енергетска ефикасност кои ќе придонесат за намалување на негативните ефекти врз климатските промени.

ЕУРЕМ партнерите и институциите од двете земји во соработка со Adria Finance HUB и поддршка од програмите за Западен Балкан на наредниот работен состанок во Тирана ќе стартираат проектниот циклус кој ќе придонесе за транспонирање на законодавствата на двете земји кон ЕУ директивите.