Промоција на проекти и Годишна Конвенција на Енергетски Менаџери

Здружение на енергетски менаџери ЕУРЕМ МК одржа годишна конвенција во Hyperium Business Centar-от во Скопје при што беа доделени завршни сертификати на 4-та генерација на Европски Енергетски Менаџери и беа промовирани неколку регионални и национални проекти кои се подготвуваат со поддршка на Министерството за Економија и Министерството за животна средина и просторно управување. Беа презентирани и комерцијални и иновативни проекти за кои постои интерес за финансирање од локални партнери, инвеститори и банки. Проектот за производство и регионална имплементација на „навојни„ мали хидро-електрани по Германска технологија и лиценца и проектот за когенеративни производство на електрична , топлинска енергија и ладење со сончеви концентратори и примарна трансформација на сончевата енергија во „темна„ комора се најави дека се пред имплементација на пилот-проекти.