Промоција на „Оперативната програма за заштеда на енергија во објекти на локалната самоуправа и јавната администрација„

Со работилницата Соларна енергија - термални и фотоволтаични системи на 28 Октомври 2017 промовирана е „Оперативната програма за заштеда на енергија во објекти на локалната самоуправа и јавна администрација„ подготовена од Здружението на енергетски менаџери ЕУРЕМ МК.

Реализацијата на програмата е со поддршка на „Центар за финансирање и менторска поддршка„ и „Европскиот Институт за енергетска ефикасност и одржлив развој„ при Стопанската Комора на Мал Бизнис на Република Македонија и „Институтот за животна средина и здравје„ при Универзитетот на Југоисточна Европа.
Приоритет на програмата е реконструкција на објектите на локалната самоуправа и јавна администрација во „одржливи енергетски објекти„ независни од фосилните горива и надворешно електрично напојување , минимални енергетски загуби и без емисија на CO2 (carbon free)

Со реализација на програмата во урбаните општини на Република Македонија ќе се остварат првите чекори кон реализација на моделот на ZERO Carbon City - урбани средини со оптимални услови за живеење на граѓаните и без негативно влијание на животната средина.

Пилот проект на реализиран „одржлив енергетски објект„ погледнете на линкот https://www.seeu.edu.mk/files/cap/panel_3.pdf