Работна посета на Општина Кочани

Делегација на Стопанската Комора на Мал Бизнис оствари работна посета на Кочани на 1 Февруари 2018 год. Делегацијата предводена од Претседателот на Комората Г-н Слободан Софески беше примена од Градоначалникот на Општина Кочани Г-н Николчо Илијев, а делегацијата имаше разговор со Секретарот на Општината Г-н Александар Јосифов. Делегацијата оствари посета на две претпријатија од текстилниот сектор - Данитекс и Fashion Ing во индустриската зона на Кочани. Членовите на делегацијата , претставниците на претпријатието Јове - Охрид Г-н Александар Јовановски и Link Solutions Скопје - Г-н Марјан Ненов извршија увид на објектите на двете текстилни претпријатија со цел подготовка на проектно решение за монтирање соларни панели за производство на електрична енергија за сопствени потреби на објектите.